Премиерите на Македонија и Грција да постигнат договор

Вашингтон 1 октомври 2013 (МИА) - Високот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон ги повика премиерите на Македонија и на Грција да постигнат решение на спорот.

Ештон, која зборуваше во институтот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон, направи споредба со премиерите на Србија и на Косово, кои со директни разговори успеаја да постигнат договор за повеќе отворени прашања, кој овозможува продолжување на интеграциите.

- Секогаш сум подготвена да помогнам, но ова решение, како во случајот
на Србија и на Косово, зависи од тоа луѓето да се подготвени да ги направат потребните компромиси, да седнат на маса и да имаат повисока
цел пред себе. А, повисоката цел е што можете да сторите за својот народ, изјави Ештон, на прашање на претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски за тоа што прави за надминување на
спорот меѓу Македонија и Грција.

Ештон додаде дека Европската унија ги поддржува напорите на Обединетите нации да се најде решение за спорот, кое ќе зависи и од желбата да се биде дел од Европската унија.

Македонскиот премиер Никола Груевски, при неодамнешната средба со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во Њујорк најави и личен ангажман на Бан да се реализира македонското барање за двете страни да седнат на високо ниво, нешто што грчкиот премиер Андонис Самарас одбива да го стори.

Самарас, кој исто така е во посета на САД, денеска почнува подолг престој во Вашингтон каде ќе се сретне и со потпретседателот на САД Џо Бајден. Самарас го избегна Генералното собрание на Обединетите нации, на кое вицепремиерот Евангелос Венизелос не дискутираше подетално за спорот за името, освен да побара Македонија да ја прифати грчката формула според која новото име треба да се употребува во сите ситуации.

Самарас во Њујорк се сретна на затворен брифинг со грчките новинари, на кој не коментирал за спорот за името, а главна тема на разговор била големата полициска акција против неонацистичката партија Златна зора и економската криза во која е земјата .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...