Македонија е виновна, мора да прифати ерга омнес

Вашингтон, 2 октомври 2013 (МИА) - Грчкиот премиер Андонис Самарас ја префрли вината за спорот со името врз Македонија и врз премиерот Никола Груевски, и се обиде да вброи и други балкански држави, како Албанија и Бугарија на грчката страна во спорот.

Самарас одговори на прашање на МИА, на приемот организиран во економскиот Институт Питерсон во Вашингтон, каде зборуваше за економските планови за Грција и за тешката регионална ситуација.

- Имавме долги дискусии со господинот Нимиц за спорот за името. Се сретнав со него последен пат кога бев тука во Обединетите нации. Има некоја екстремна непопустливост од страна на мојот колега од Скопје. Верувам дека Грција е единствената земја која направила некои чекори кон решение. Тоа не е случај и со Скопје. Бараме решение кое би било име кое ќе биде ерга омнес, како што се вели на латински, едно решение, едно име, за секоја употреба. Не гледам дека господинот Груевски е отворен за вакво решение. Верувам дека, ако ги прашате моите колеги од Албанија или Бугарија, и тие веројатно ќе ви одговорат исто, дека непопустливоста лежи во Скопје, а не во Грција, изјави Самарас на вечерата организирана од фондацијата на покојниот грчки бродски тајкун Ставрос Ниархос.

Грчкиот премиер Самарас, кој го посети Њујорк, а сега е во посета на Вашингтон, на оваа втора посета на САД во рок од еден и пол месец, избегнуваше да зборува за спорот за името. Претходно во текот на вчерашниот ден се обиде да ги избегне македонските новинарски екипи, а и во медиумските брифинзи не се осврнува на спорот за името. Во своите јавни настапи
грчкиот премиер зборува за, како што рече, уништувањето на нео-нацистичката партија Златна Зора, и изнесува нови економски податоци за Грција со кои вели дека неговата партија успеала да ја извлече земјата од криза.

Самарас вчера во Вашингтон се сретна со Кристин Лагард, која од него побара да донесе силен буџет за 2014 година, со кој ќе продолжат болните буџетски кратења и структурни
реформи кои Грција ги спроведува од банкротот во 2010 година. ММФ ги поддржува институциите на Европската Унија во финансирањето на Грција, која во 2010 година соопшти дека веќе не е во состојба да ги плаќа своите долгови.

Пред институтот Питерсон Самарас и самиот го потврди економскиот пад од над 25 проценти, и искачувањето на невработеноста над 28 проценти, но воедно се пофали со намалувањето на невработеноста во вториот квартал на годината и со постигнатиот суфицит во буџетот, ако не се сметаат ратите за отплата на долговите. Самарас вети дека земјата ќе ја скрати бирократијата, или црвените ленти за компаниите спремни да инвестираат, и ќе им постели црвен килим, воедно изразувајќи надеж дека во Парламентот ќе изгласа донесување на рамен данок од 15 проценти место сегашниот прогресивен данок.

На геополитички план, грчкиот премиер изјави дека, иако е малку чудно, Грција ќе ја нарече столб на стабилноста во регионот, велејќи дека е стабилна во споредба со регионот на Северна Африка и Блискиот Исток кои се зафатени од војни и од Арапската пролет. Самарас го промовираше и сојузот со Кипар и Израел за искористување на новооткриените наоѓалишта на природен гас во Средоземно Море.

За време на посетата на Вашингтон, предвидено е Самарас да се сретне со потпретседателот Џо Бајден, со повеќе конгресмени, сакаше да отвори и изложба на византиска уметност во Националната галерија на Вашингтон, но поради буџетската блокада на САД оваа изложба е неизвесна. Самарас во Њујорк се сретна со американски бизнисмени со грчко потекло, од кои побара да ја помогнат матичната земја во нејзината економска криза. Самарас се сретна и со претставници на еврејските здруженија во САД, да ги информира за апсењето на раководството на нео-нацистичката партија Златна Зора, која до полициската рација во саботата беше трета најпопуларна партија во Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...