Македонија е цврсто посветена на регионалната соработка

Скопје, 3 октомври 2013 (МИА) - Република Македонија е посветена на натамошното унапредување на регионалната соработка во сите области на општествениот живот, вклучително и одбраната. Зајакнувањето на регионалната соработка е силен потстрек за понатамошно зацврстување на регионалната стабилност и на глобалната безбедност.

Ова го нагласи министерот за одбрана Талат Џафери на денешниот состанок на Форумот за безбедносна соработка на земјите од Западен Балкан – СЕДМ, како дел од сеопфатниот регионален министерски состанок во Словенија.

СЕДМ како една од најстарите иницијативи во регионот, потенцира Џафери, дава огромен придонес во процесите на регионална интеграција и јакнење на дијалогот меѓу земјите.

Осврнувајќи се на еден од најзабележливите проекти на СЕДМ, Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, министерот Џафери ги поздрави напорите за изнаоѓање соодветен ангажман на бригадата во операции предводени од НАТО, од ЕУ или од ООН, согласно нејзините капацитети и способности.

Говорејќи за можностите за продлабочување на соработката, Џафери, соопшти денеска МО, акцент стави на заедничката обука, вежбите, заедничките проекти, како и заедничкото учество во мировни операции. Како успешна приказна ги спомена Регионалниот центар за односи со јавноста кој од јуни оваа година е 26-тиот НАТО партнерски центар, како и Центарот за медицинска обука кој од минатата година ги исполни условите да прерасне во регионален центар.

Армискиот полигон „Криволак“, дополни министерот, претставува еден сериозен капацитет кој може да се користи од страна на армиите на НАТО-земјите, армиите на земјите од регионот, вклучително и армиите на земјите-членки на СЕДМ.

Сеопфатниот регионален министерски состанок во Словенија, кој се заокружува со состанокот на Форумот за безбедносна соработка, стои во соопштението, е една нова можност за рационализација, како и поблиска координацијата и синхронизација на регионалната одбранбена соработка во Југоисточна Европа и во регионот на Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...