Се надевам дека Македонија ќе добие членство во НАТО

Вашингтон, 4 октомври 2013 (МИА) - Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атланскиот совет на САД, вчера на трибина во Вашингтон изразија поддршка за приемот на Македонија во НАТО на следниот самит на организацијата планиран за 2014 година во Лондон.

- Се надевам дека Македонија ќе добие членство во НАТО. Таа исполни се што е потребно за да стане членка и треба да биде дел од НАТО семејството. Македонија мина низ турбулентни времиња и успеа да се справи речиси со граѓанска војна, и да донесе мир во тој дел од светот. Јас отсекогаш сум бил силен поддржувач на македонското членство во НАТО и се надевам дека ќе може да се надмине последната пречка, за што ќе биде потребна флексибилност од двете страни, изјави Робертсон, во разговор со Македонската радио-телевизија.

Поранешниот генерален секретар на НАТО додал дека очекува проширувањето да биде една од темите на самитот во Лондон. Грција спречи оваа тема воопшто да биде поставена на минатогодишниот самит во Чикаго. Вилсон, кој наскоро ќе ја посети Македонија, за МРТВ изјави дека во овој момент најважно е влијателните држави во НАТО, како САД, Германија, Франција и Британија, да се ангажираат за решавање на спорот за името.

- Советот веќе е закажан и со ова е создадена дипломатска можност САД, Германија, Британија, Франција, Италија и други земји да се вклучат и да работат со Грците и со Македонците, за конечно да се најде решение на спорот. Не е сигурно дали ќе дојде до решение, но се надевам дека самитот на НАТО ќе создаде можност за тоа, изјави Вилсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...