ВМРО и ДПА во коалиција во Струга

Струга, 4.октомври 2013 (МИА) - Со 15 гласа „за“ Абдула Ќазимоски од редовите на ДПА денеска е избран за претседател на Советот на Општина Струга.

Против предлогот тој да раководи со ова општинско тело беа советниците од СДСМ, а воздржано гласаа членовите од ДУИ и РДК.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села истакна дека е задоволен од изборот и што конечно Советот има претседател.

- Задоволен сум што е избран претседателот на Советот на Општина Струга во интерес на развојот на општината и заради доброто на сите граѓани, рече Села.
 
Од советничката група на СДСМ, повикувајќи се на коалицискиот договор за време на локалните избори, повторно ја предложија Јулијана Зуноска од ВМРО-ДПМНЕ, но нивниот предлог отпадна, поради што, претседателот на општинскиот разгранок на СДСМ и советник Даме Ложанкоски најави дека од денеска се раскинува коалицијата помеѓу овие две македонски политички партии кои за време на последните локални избори одлучија да ги здружат силите и да настапат заеднички пред македонското гласачко тело.

- Коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место на Советот кое требаше да го добие коалицијата во интерес на граѓаните Македонци од Струга. По ова непринципиелно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја раскинува коалицијата, изјави Ложанкоски.

Како што образложи координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на струшкиот комитет на оваа партија Перо Петкоски, на ваквиот чекор се одлучиле заради остварување проекти кои ќе отворат нови работни места.

- Со новите проекти коишто се предвидени за Струга и поддржани од Владата на Република Македонија, ние се одлучивме да го поддржиме предлогот за претседавач на Советот, во интерес на развојот и отворање нови вработувања за граѓаните на Општина Струга, изјави Петкоски.

Изборот на Ќазимоски за претседател следува по петмесечни преговори и договарања помеѓу политичките партии кои се застапени во Советот на Општина Струга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...