ЕУ по примерот на НАТО: Решен спор за името, па интеграција

Брисел, 12 октомври 2013 (МИА) - Европската унија е на пат да и постави услов на прием на Република Македонија идентичен со оној на НАТО од Самитот во Букурешт што ќе значи почеток на пристапните преговори само со решен спор за името со Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова е се појасно откако во претстојниот извештај на Европската комисија за Македонијан, освен нова петта по ред позитивна препорака за почеток на преговорите за членство, неформалната влада на Унијата ќе предочи дека без одлагање ќе мора да се реши спорот со нашиот јужен сосед.

Тоа, пак, значи дека Брисел оди по патот на Алијансата, чиј заклучок од Самитот во 2008 година дека Македонија ќе стане дел од НАТО откако ќе се договори за сопственото име со Грција, завчера во Атина го повтори и генералниот секретар Андерс фог Расмусен.

Инаку, како што претходно објави МИА позитивниот извештај за Република Македонија што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе го објави в среда, покрај нова препорака за преговори, што значи дека земјата ги исполнува сите услови, уште еднаш само двапати ја содржи придавката “македонски”, а од нашата земја ќе се побара и воведување на медиумска култура.

Во Еврокомисијата официјално не сакаат да коментираат ништо околу извештајот додека Филе не го објави на 16-ти овој месец. Сепак, јасно е дека со промоција на идејата за неодложно решавање на спорот за името, официјален Брисел како и НАТО сака да ја тргне од вратот Македонија и целиот притисок да го насочи кон Скопје со цел да се прифатат грчките црвени линии за промена на името, идентитетот и јазикот, ако макеоднската држава сака да добие членство во овие две организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...