Атина е против почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ

Атина, 21 октомври 2013 (МИА) - Нема никаква смисла Македонија сега да почне преговори, земајќи го предвид нивото на односите со соседите во овој временски период. Тоа би било контрапродуктивно, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Куркулас.

- Од интерес на европската перспектива на Скопје е тие да сфатат дека треба да изберат – или да ги подобрат односите со соседните земји, или да го одложат присоединувањето кон ЕУ, изјави Куркулас во интервју за Бугарското национално радио.

Тој истакна дека официјална Атина не е изненадена што Европската комисија ја повторува препораката за почеток на преговори со Македонија по петти пат. Куркулас тврди дека грчките власти „го почитуваат мислењето на ЕК, но оти според нив, добрососедските односи се многу важен елемент одКопенхашките политички критериуми.

Грчкиот дипломат вели дека „искрено, Грција сака Македонија да стане дел од евроатлантската заедница, но само под услов да ги исполни критеримуите“.

Во врска со преговорите за прашањето за името, Куркулас изјави дека „Атина предложила компромис кој е чесен за двете земји и оти чека реакција од Скопје“.

- Но, загрижени сме затоа што Владата таму изгледа воопшто нема намера да го подготвува своето јавно мислење за овој компромис. Напротив,  тие продолжуваат со препишување на историјата, што создава проблеми како за Грција, така и за Бугарија. Не мислам дека тоа е европски пристап за да ја градиме нашата заедничка иднина, рече Куркулас.

Тој изјави дека Грција не гледа на својот северен сосед како на непријател и оти сака да се во пријателски односи .

- Едноставно, не можеме да водиме конструктивни преговори со земја , чија Влада се однесува како да сме негов непријател . Ова е спротивно на основните европски принципи. Очекувам од властите во Скопје да сфатат и да ни помогнат за да им помогнеме, рече Куркулас.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи за бугарското радио изјави дека Грција ќе продолжи со обидите да ја објаснува својата позиција.

- За Грција тоа не е прашање на бројка или на мнозинство во Европскиот совет . Тоа е прашање на принципи и ние ќе се држиме до нив, рече Куркулас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...