ЗНМ бара поддршка од Груевски за аболиција на Кежаровски

Скопје, 24 октомври 2013 (МИА) - Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска достави писмо до премиерот Никола Груевски во кое бара прашањето за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски да се стави на дневен ред на наредната седница на Влада.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селамни во денешната изјава потсети дека пред речиси два месеца имаат поднесено предлог до Министерството за правда за аболиција на Кежаровски и до денеска нема одговор од министерот Блерим Беџети.

- Сметаме дека аболицијата на Кежаровски е од интерес на Македонија, прво затоа што е невин, не направил ништо лошо, туку открил злоупотреба на сведок, што е највисок јавен интерес и второ затоа што овој случај сериозно го нарушува угледот на Македонија во светот, изјави Селмани.

Според ЗНМ, Владата треба да ја искористи оваа законска можност и да спречи невин човек да остане во затвор.

- Сега се е во рацете на премиерот Груевски, кој реално може да го искористи неговиот неспорен авторитет во Владата и да му наложи на министерот Беџети да ја покрене постапката за аболиција кај претседателот Ѓорге Иванов, изјави претседателот на ЗНМ, според кого, ова е и можност да се покаже пред светот дека македонските власти водат сметка за слободата на изразување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...