Скопје, 11 ноември 2013 (МИА) - Австриските власти го одобриле барањето за екстрадиција на претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој е првоосомничен во случајот за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“.
Од Министерството за правда за МИА посочија дека во моментов се работи на реализација на екстрадицијата и оти се уште не се знае кога Шиповиќ би биле екстрадиран во Македонија.
Претседателот на Советот на општина Центар беше уапсен на виенскиот аеродром на 15 октомври, на враќање од Америка.