Средба Братушек - Груевски

Словенија и во иднина ќе ја поддржува македонската евроинтеграција

Крањ, 13 ноември 2013 (МИА) – Словенија останува силен поддржувач на македонската евроинтеграција. Односите меѓу двете земји се одлични и пријателски, кои се базираат на долгогодишна конструктивна соработка и заемна поддршка. Ова е оценката на премиерот Никола Груевски и неговата словенечка колешка Аленка Братушек кои денеска остварија средба во Брдо кај Крањ.

- Словенија како до денес така и во иднина ќе ја поддржува Македонија и другите земји на Балканот во трудот за приближување кон ЕУ, изјави по заедничката средба словенечката премиерка.

Братушек, јави известувачот на МИА, честиташе за се она што Македонија го направи досега за приближување кон ЕУ и смета дека ќе се дојде и до решение за прашањето за името.

- Овој проблем треба да се реши што побрзо и единствениот начин за негово решавање во едно демократско општество се разговорите, истакна Братушек.

Премиерот Груевски потенцира дека во Словенија гледаме искрен поддржувач на полето на европските и евроатланските интеграции и активните реформи кои ги реализираме на тој план и партнер во поглед на соработка во сите полиња од заемен интерес како што е економијата, трговската размена и развој на инвестициските можности.

- Изразив благодарност за заложувањето и поддршката што ја добиваме од Република Словенија во поглед на европските и евроатланските интеграции на земјата која исклучително ја цениме. На тој план ја повторив нашата примарна цел за членство во ЕУ и НАТО како наши темелни заложби, што се докажува со последователните пет извештаи за препорака за определување датум за почеток на преговори за членство во Унијата. Изразив надеж дека нашите напори и реализирањето на реформите и исполнувањето на критериумите, потврдено со позитивните извештаи, ќе биде соодветно вреднувано и материјализирано со отворање пристапни преговори, изјави премиерот Груевски.

Тој потенцира дека доколку не добиеме препорака за почеток на преговори на декемврискиот самит, Македонија како и досега ќе продолжи да работи. - Советот доколку не одреди датум за преговори во Македонија веројатно следниот ден сонцето ќе изгрее исто како и пред Советот. Ние нема да чекаме ништо. Ќе продолжиме да работиме како што работиме и досега. Во земјата спроведуваме сериозни и крупни промени, реформи и многу модернизации во многу сектори. Тоа ќе продолжиме да го правиме и понатаму, а паралелно ќе работиме и на планот за надминување на главниот проблем поради кој не и е доделен датум за почеток на преговори, а тоа е противењето на нашиот јужен сосед. Ние нудиме отворен и директен дијалог со нашиот јужен сосед кој засега не наидува на позитивна реакција од нив, но се надеваме дека времињата и на тој план ќе се променат и дека со помош и на другите пријатели од меѓународната заедница ќе се најде начин да се придвижат работите за да се надмине ова прашање, изјави македонскиот премиер.

Тој потенцира дека во процесот на преговорите за надминување на ова прашање имаше различни фази, но оти сега, како што вели, не може да каже дека е во некоја поинтензивна фаза бидејќи во минатото имало такви и оти тоа не е предизвикано од македонска страна.

– Ние сме подготвени за многу поинтензивни разговори и повикуваме на поинтензивни разговори. Подготвени сме на директни разговори, не само преку посредник, бидејќи директните секогаш даваат повеќе резултати. За жал, нашиот јужен сосед не е подготвен за директни разговори. Ги одби сите наши иницијативи за директни разговори, седнување на маса, барање решение. Мој впечаток е дека кај нив не постои подготвеност за доаѓање до компромис и наоѓање решение и надминување на проблемот и не постои подготвеност се уште за деблокирање на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и членство во НАТО, рече премиерот Груевски.

Изрази надеж дека другите држави во Унијата го следат добро процесот и дека ќе помогнат во овој дел сегашната ситуација да се надмине. Посочи дека Македонија ќе продолжи со својот конструктивен пристап и дека ќе се продолжи со сите можни чекори кои ќе одат кон решение на овој проблем. Потсети на одлуката на Меѓународниот суд и изрази жалење што Грција тоа го игнорира, како и надеж дека другите земји на Унијата и НАТО во иднина ќе го земат предвид и тоа што Меѓународниот суд на правдата донесе одлука дека со чекорот на попречување на Македонија да се приклучи под привремената спогодба се нарушува меѓународното право.

Македонскиот премиер додаде дека отпочнувањето преговори ќе има позитивни ефекти за граѓаните и за стабилноста и развојот на регионот и ќе влијае врз кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ. Притоа потенцира дека од големо значење е поддршката што ја добива Македонија од пријателска Словенија во исполнување на оваа стратешка цел.

И двајцата премиери потенцираа дека постојат услови за продлабочување на соработката, особено економската и дека е договорено одржување бизнис форум во јануари идната година.

Премиерот Груевски ја запознал премиерката Братушек со бизнис поволностите што ги нуди Македонија за инвестиции и рече дека има голем број словенечки компании кои ги надминале своите национални граници, станале регионални и покажуваат интерес за инвестирање.

- Сите компании што се дојдени од Словенија, а оние што се заинтересирани да дојдат ги имаат предвид поволностите што ги нуди Македонија за правење бизнис и кои се направени во последните години, истакна премиерот и додаде дека Македонија влегува меѓу земјите кои нудат најдобри услови за правење бизнис, особено во делот на слободните економски зони.

Ги напомена најниските даноци и трошоци за работење, макроекономската стабилност, квалификуваната работна сила и слично.

Премиерот Никола Груевски во рамки на еднодневната официјална посета попладне ќе се сретне со претседателот на Словенија Борут Пахор и претседателот на Собранието Јанко Вебер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...