Средба Вељаноски - Орбан

Скопје, 5 декември 2013 (МИА) - Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во посета на Македонија.

На средбата, Вељаноски изразил задоволство од одличните односи на парламентарно ниво меѓу двете држави, како и од интензитетот на средби меѓу претседателите на парламентите, пратеничките групи за соработка и комисиите.

Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил благодарност што Унгарија го користи уставното име на Македонија во билатералната комуникација, истакнувајќи го тоа како особено значајно за државата. Го запознал унгарскиот премиер со актуелната политичка состојба во државата, реформите и постигнувањата на патот кон евроинтегрирањето, позитивните извештаи од Европската комисија и препораките.

Претседателот на македонскиот Парламент потенцирал дека Македонија ја цени принципиелната политика на Унгарија во поглед на поддршката за интегрирање на целиот Балкан во Европската унија, како и поддршката кон земјите кои ги исполниле критериумите за членство во НАТО.

Унгарскиот премиер Орбан изразил задоволство од добро развиените пријателски односи меѓу двете држави и посочил дека фактот што сите релевантни светски институции ги оценуваат изборите во Македонија како слободни и фер, му даваат клучно место на Парламентот во државата. Изразувајќи задоволство од развојот на економските односи, Орбан истакнал дека се запознаени со актуелните економски параметри на Македонија кои укажуваат на економската стабилност на државата.

Во однос на интегрирањето на Република Македонија во европското семејство, Орбан посочил дека ставот на Унгарија по ова прашање е јасен и оти Европската унија има потреба Македонија да стане нејзин член. Рекол дека ЕУ има одредени проблеми и оти заради справување со нив е потребно да го промени концептот, а на Балканот е потребно да се гледа не како на проблем, туку како на можност.

Орбан посочил дека се запознаени со спорот кој го има Македонија со јужниот сосед, и оти не е правилно тој да се постави како услов. Тој рекол дека е против политиката ова прашање да биде проблем кој ќе го спречува интегрирањето во Европската унија, додавајќи дека токму тој бил првиот што го изнел овој став во Европската унија и оти добил поддршка од повеќе истомисленици.

Во однос на интегрирањето на Македонија во НАТО, Орбан истакнал дека Унгарија посакува да биде на масата на која Република Македонија ќе го потпише членството во НАТО и оти секој чекор што се прави во насока на интегрирање во Алијансата е правилен.

Претседателот на унгарската Влада изразил задоволство што двете држави денеска ќе потпишат Спогодба за соработка во образованието, односно за доделување 20 стипендии од Унгарија на македонски студенти и посочи дека посакува можност и унгарски студенти да дојдат во Република Македонија на студии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...