Евроинтеграцијата е главен приориет на Македонија

и стратешка цел

Брисел, 10 декември 2013 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на синоќешниот настап во рамки на европската канцеларија на германската фондација “Конрад Аденауер” во Брисел одржа говор пред претставници на Европската унија, амбасадори, дипломати, новинари од светски медиуми, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

- Две недели пред Самитот на Европскиот совет, сакам да говорам за сегашната состојба меѓу Европската унија и Република Македонија. Пред четири години, Европската комисија јасно обзнани дека Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори. До денеска, Советот ја игнорира оваа препорака. Додека Македонија се соочува со опструкции, ЕУ се менува. Границите се шират во постојана потрага по решенија за финансиската и економска криза. За четири години. Унијата различно функционира - истакна на почетокот на својот говор првиот човек на македонската Влада.

- Европската интеграција на Македонија е главен национален приоритет и стратешка цел на земјата. Посветени сме на ЕУ-агендата, но некои политички размислувања не може да се потценат, посебно економската ситуација насекаде и тоа што има голем број на невработени млади луѓе. Постојано го слушаме аргументот дека Македонија не може да ги почне преговорите за членство поради тоа што ЕУ сака да има чисто досие и да го зачува мирот во куќата. Унијата не треба да чека повеќе да ги почне пристапните преговори со нас оти отворањето на преговорите ќе биде катализатор за решавање на прашањето за името, додаде Груевски.

Според премиерот на Република Македонија, соработката и компромисите се работни цели на ЕУ, и дека со посветеност на нашиот јужен сосед во констурктивен дијалог може да се дојде до договор. Тој додаде и дека владеењето на правото е основната вредност на ЕУ и сите земји-членки треба да работат според меѓународното право и меѓународно-прифатените правни обврски.

- Меѓународниот суд на правдата за прашањето за грчката блокада на македонското приклучување на НАТО одлучи дека тоа било нелегално и го прекршило билатералниот договор од 1995 година. Оваа одлука јасно ја оправдува нашата позиција и правото да го користиме уставното име на нашата земја, а ако сакаме да се приклучиме на меѓународни организации какви што се ЕУ и НАТО, да бидеме прифатени под привременото име со тоа што другата земја, нашиот јужен сосед, нема право да не блокира. Грција не постапи во согласност со пресудата на судот од Хаг, па се прашуваме што е улогата на меѓународното право? - запраша Груевски.

Потенцирајќи дека досието за реформи е врвен приоритет на сите Влади на Македонија, премиерот потсети дека во 2012 година, заедно со Еврокомисијата се институционализираа и надградија реформските процеси со формирање на т.н. Пристапен дијалог на високо ниво (ХЛАД). Според него, македонската Влада тука не застанала и продолжила со реформи на судството, јавната администрација, медиумите, борба со корупцијата и подобрување на инвестициската клима. Почеток на пристапните преговори, само ќе даде поттик на овој процес, додаде Груевски.

Во однос на економскиот развој, премиерот посочи дека Македонија е земја на економски успех оти од изолирана во почетокот на 90-тите години на минатиот век, разви една од најотворените економии на светот. Ваквите управувани реформи, според него, ја поддржаа борбата со домашните проблеми како корупцијата. Поради тоа, посочи Груевски, сега Македонија е рангирана во најдобрите 25 земји според листата “Дуинг бизнис” во извештајот на Светската банка, што е постигнато по бројните реформи што се направени последните седум години.

- Многу проекти направивме, а еден од позначајните е т.н. Регулаторна гилотина каде ги скративме и поевтинивме илјадниците бирократски процедури во земјата, работејќи заедно со Стопанската комора на земјата и со околу 300 компании од различна големина. Со прифаќањето на нивните идеи, сменивме стотици закони и скративме многу бирократски процедури и тоа помогна да се подобри бизнис-климата во земјата. На ист начин, направивме силно подобрување на многу институции во земјата и нашиот Централен регистар, кој беше создаден пред само 11 години кога јас бев министер за финансии, сега е рангиран од страна на Светската банка на првото место во Европа и на шеста позиција во светот. Создавање на фирма во Македонија сега се прави за нешто помалку од четири часа и може да се стори од било која точка на светот, само со користење на интернет, образложи Груевски.

Со ваквите економски реформи, според премиерот, од 94 место, Македонија се најде на 25 место на листата на Светската банка за “Дуинг бизнис”, каде земјата е подобра од речиси сите земји од Источна Европа и е подобра од 21 од 28 земји-членки на Европската унија. Тој го посочи и договорот со сите земји во Европа, не само со оние од Унијата, туку и со земјите од ЕФТА, со Турција, Украина и со сите земји од Европа, со исклучок на Русија, во однос на слободна трговија што според него многу компании го гледаат како сериозна предност оти Македонија е земја што во Европа има најниски давачки за создавање на бизнис, вклучително на најниски даноци.

- Македонија е една од малкуте земји во светот чија Влада овозможува целосна стипендија за секој државјанин кој ќе успее да се запише на еден од врвните 100 универзитети во светот. Оваа листа е продолжена на првите 200 универзитети во областа на техничките науки, бидејќи ова е областа на фокус на нашата стратегија. По завршувањето на студиите тие треба да работат најмалку шест години или во јавниот или во приватниот сектор во Македонија, или алтернативно во една од 500 најуспешни компании во светот, истакна македонскиот премиер.

Според Груевски, во моментов во Македонија се модернизира администрацијата и зајакнуваат критериумите на регрутација и создавање на потранспарентен систем темелен на реализација. Како пример, тој го посочи стандардниот тест за познавање англиски јазик, “он-лајн” испити за професионално знаење, сите компјутерски составени и евалуирани, со цел да се исклучи човечкиот фактор. Целта според премиерот е да се избегне лична, политичка или фаворизација од заедницата во регрутацијата во државно управуваните институции. За мала, со ресурси сиромашна и екстремно отворена економија како нашата, премиерот вели дека клучот за прогрес е да се најдат најдобрите и најспособните лица за секоја работа.

- Со цел да бидеме целосно успешни, има параметри кои помалку зависат од самата држава, но се дадени од средината. Ова е особено точно кога земјата е кандидат за членство во клуб како ЕУ и има ниво на отвореност и интеграција во внатрешниот пазар. Дополнително, земјата има митско, измислено и особено нереално прашање да надмине. Како што повеќето од вас знаете, Европската комисија во 2009 почувствува дека е веќе време за почеток на пристапните преговори со Македонија. Неопходното ниво на компатибилност на нашиот национален систем со Копенхашките критериуми веќе тогаш беа исполнети. Европскиот парламент видливо ја поддржа оваа перспектива. Сепак, отпорот од една земја-членка го направи консензусот во Советот невозможен. Оттогаш, Комисијата ја повторува потребата од почеток на преговорите и одлуката систематски се одложува, појасни Груевски.

Според македонскиот премиер, позицијата на нашиот јужен сосед е константна, можеби со различни изговори. Тој истакна дека без разлика дали е имагинарен страв за територијалниот интегритет, внатрешното политичко превирање во Атина, митски објаснувања за поседувањето на идентитетот или едноставно отсуство на добра воља во билатералните дискусии, дека сепак исходот е ист. Според Груевски, Македонија доби петта препорака оваа година и одлуката е повторно на земјите членки.

- Игнорирањето на клучниот европски принцип на “владеење на правото” од најстарата балканска земја членка во ЕУ, ги става во исто време и Грција и Македонија, како и целиот регион, во неудобна позиција. Како може сите заедно да бидеме поефективни во реформите и да ја шириме областа на стабилност и просперитет, додека нашиот регионален бенчмарк ги игнорира правните ангажмани и одбива да ги имплементира наодите на Меѓународниот суд, кон чија надлежност сите се придржуваме, запраша претседателот на македонската Влада.

Истакнувајќи дека сите ја разбираат политичката удобност што земјата-членка го ужива, Груевски посочи дека Македонија е прва во редот што има интерес од просперитетна, демократска и добро менаџирана Грција, која се поместува кон генерирање на позитивна енергија околу регионот. Тој рече дека земјите се многу економски меѓузависни и релациите меѓу народите и бизнисот се одлични и дека тоа е стратешки интерес на Македонија и дека ќе се работи за натамошно продлабочување, но дека за тоа е потребен партнер од југ и очигледно малку од европскиот вкус.

- Во моментов се соочуваме со ризик од нарушување на довербата на македонските граѓани во она што тие го доживуваат како кредибилна европска иднина. За превенирање на овој ризик ние мора да бидеме сигурни дека земјата следи кохерентен и фер третман од ЕУ, кој во нашиот случај е преведен во земја-членка и сосед. На нас ни треба јасна визија од тука, како ние можеме да го водиме овој процес за навремено и целосно завршување. Простото одлагање не е најдобрата опција во процесот на носење на одлуки, посочи Груевски.

Во однос на европските вредности, македонскиот премиер истакна дека не треба да се заборави дека суштината на Европската Унија не се блокадите, туку мирот, развојот и просперитетот, како водечки идеи на татковците-основачи. Овие идеи, според него, не може да се постигнат преку уценувања, туку преку соработка и почитување на разликите. Премиерот рече дека не треба да се заборави дека ЕУ не постои само за условеност и регулирање, туку дека Унијата е политичка идеја и мировен проект, кој не може да се заврши без интегрирање на сите земји од балканскиот регион, како историско огниште на Европа.

- Да се присетиме дека многу од земјите-членки на ЕУ се соочуваа со економски и политички превивања пред приклучувањето на Унијата, но не беа изоставени. Напротив, ЕУ им понуди помош на овие земји помагајќи им да се консолидираат, да се развијат и да пораснат. На Македонија и е потребна Европа за постигнување на долгорочна стабилност бидејќи интеграцијата има ефект на предвидливост и на средување на состојбите. Истовремено, колку тоа да звучи претенциозно, и на Европа и е потребна Македонија не само затоа што на тој начин ќе се зајакне кредибилитетот на ЕУ, туку и затоа што Македонија има што да понуди од своето културно-историско наследство за збогатување на европското културно миље. Македонија е Европа исто така - порача на крајот премиерот Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...