Советот за општи работи на ЕУ ќе одлучува за Македонија

Брисел, 17 декември 2013 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) што ќе се одржи во Брисел, ќе одлучат каков заклучок ќе добие Република Македонија што ќе биде изгласан на Самитот на Европскиот совет в четврток и петок од страна на шефовите на државите и Владите на ЕУ-земјите.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, она што сигурно се знае е дека шефовите на дипломатиите и по петти пат едноподруго ќе ја одбијат препораката на Европската комисија за доделување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според последните драфт-заклучоци договорени на ниво на амбасадори во ЕУ во рамки на т.н. „КОРЕПЕР“- група, што минатата недела го објави МИА, за земјата се препорачува „Европскиот совет да се врати на препораката за отворање на преговорите со Македонија на следниот Самит во јуни 2014 година”.

Она што сегашниот предлог-заклучок за Македонија го содржи има четири параграфи, при што во последниот, се вели:

- Советот силно ја дели проценката на Еврокомисијата дека политичките критериуми продолжува доволно да се исполнуваат и ја нотира препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија. Со цел можна одлука на Европскиот совет за отворање на преговорите со БЈР Македонија, Советот ќе се врати на прашањето во 2014 година, врз основа на ажурирање од страна на Комисијата за понатамошното имплементирање на реформите во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), вклучително и имплементација на политичкиот договор од 1 Март и суштинските чекори за промовирање на добрососедски односи и да постигне спогодбено и взаемно прифатливо решение за прашањето за името, се наведува во клучниот предлог-заклучок на Советот за нашата земја.

Во предлог-заклучокот, параграф 3 за Македонија, а пред предлогот за можно отворање на преговорите во 2014 година, “КОРЕПЕР”-групата го предлага следното:

- Како што е утврдено во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2008 година и заклучоците на Советот за општи работи и Советот за надворешни во декември во 2008 година, одржување на добрососедски односи, вклучувајќи договорно и заеднички прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на Обединетите нации - останува од суштинско значење. Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок, без одлагање. Советот ги зема предвид последните контакти со посредникот на ОН, а во светлината на целокупната важност за одржување на добрососедски односи, Советот го забележува продолжувањето на контактите на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија и очекува нивно преведување во конкретни акции и резултати, се вели во овој предлог-заклучок.

Во првиот параграф од сегашниот предлог-заклучок, кој е донесен на барање на Бугарија и Грција, пак, се наведува дека “Советот забележува дека политичката криза што следеше по настаните во Парламентот кон крајот на минатата година предизвика длабоки поделби меѓу политичките партии што влијаеше на функционирањето на Парламентот и покажа потреба за конструктивна политика во национален интерес”.

Во продолжението на овој параграф се вели:

- Советот  нагласува дека продолжувањето на имплементацијата на политичкиот договор од 1 Март е клучот. Советот го поздравува фактот што на агендата на ЕУ останува стратешки приоритет на земјата и дека направи понатамошен напредок во подобрување на способноста за преземање на обврските од членството. Советот, исто така, го поздрави придонесот на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) за напредување во повеќето приоритетни области, вклучувајќи го и елиминирањето на судскиот застој и во борбата против корупцијата, стои во овој параграф од предлог-заклучокот.

Последниот предлог-заклучок, што во овој формат е параграф број 2 за Македонија, во однос на проширувањето пак, се наведува дека Советот ја нагласува важноста на ефективна имплементација и спроведување на постоечките правни и политички рамки.

- Посебно внимание треба да се посвети на владеењето на правото, вклучувајќи ја и независноста на судството и постигнување на понатамошни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Слободата на изразување и општата состојба на медиумите, исто така остануваат прашања од интерес. Преглед на Охридскиот рамковен договор, пак е особено важен за меѓуетничките односи и тоа мора да се заврши и неговите препораки да се спроведат. Стратегијата за Ромите треба проактивно да се имплементира. Замаглувањето на дистинкцијата меѓу државата и партијата треба да се реши, како што е нагласено од страна на ОБСЕ/ОДИХР во изборниот контекст. Високата стапка на невработеност треба да се реши, а управувањето со јавните финансии да се зајакне, се вели во овој предлог-заклучок.

Според високи извори на Унијата, се очекува да има измени во овие предлог-заклучоци и дека нешто ќе биде дополнето, нешто изоставено, со цел да се дојде до избалансиран и праведен заклучок за Македонија. Она што е сигурно е дека земјата нема да добие датум за преговори, но можно е да се даде посилен патоказ, иако Грција и Бугарија инсистираат на пожестоки услови со цел земјата да нема брз евроинтегративен напредок.

Во исто време, во однос на Србија е речиси сигурно дека ќе добие “зелено светло” од Советот идниот месец и официјално да ги почне пристапните преговори за членство, преку формирање на меѓувладина конференција со ЕУ, додека за Албанија веќе е познато дека сега нема да добие кандидатски статус. Хрватска и други пријателски земји на нашиот западен сосед водат битка за Албанците да добијат услов дека би станале земја-кандидат идната година (со одлука на Советот во јуни или декември), ако исполнат некои нови услови што ќе и бидат поставени на оваа земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...