Театар на маски под отворено во Вевчани

Вевчани, 13 јануари 2014 (МИА) – Во Вевчани денеска почнува Театарот на маските под отворено, карневал кој има долга традиција и претставува вистински бренд за Македонија, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која треба во Вевчани и официјално да се обрати пред почетокот на главното дефиле на василичарски маски.

- При самото влегување во општината се чувствува тој дух на вевчанци. Таа традиција и креативност која постои и опстојува за која сите ние сме горди како граѓани на Македонија. Како верни поддржувачи на овој фестивал ќе продолжиме тоа да го правиме секоја година затоа што манифестацијата има една долга историска традиција која е своевиден бренд за Македонија, порача Канческа-Милевска.

Прашана за маските кои некогаш се навредливи вели дека не треба на нив да се гледа на таков начин.

- Маските ги отсликуваат секојдневните настани и ликови нешто што навистина ќе не насмее и верувам дека секој од нас треба така да ги гледа. Таа креативност која што може да се види овде треба да биде гордост за нас и како духовито нешто што треба да не насмее бидејќи креативноста не може секој да ја поседува, рече Канческа-Милевска.

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски изјави дека денеска почнува уличниот фестивал, односно вистинско василичарско празнување. Тој истакна дека во текот на вчерашниот ден програмата од Вевчанскиот карневал ја проследиле од 15 до 20 илјади посетители од цела Македонија. Денеска, вели, се очекува да пристигнат и повеќе амбасадори од странски земји акредитирани во Македонија, меѓу кои се и амбасадорите на Германија, Бугарија и на БиХ.

Специфика по која се издвојува овој карневал е уникатноста на групните маски. Маските се чуваат во тајност до денот на одржување на дефилето. Се вели дека вевчанци можеби ќе ни откријат и детали од нивната интима, но никогаш нема да ви откријат во што ќе се маскираат оти за нив тоа е најсвета тајна.

Костимите и сценографијата со која ќе се претстават василичарите се обмислува во текот на целата година, како и пораката која сакаат да ја испратат или да се исмеат на некој настан или случка од изминатата година.

Според уметничкиот директор на карневалот и негов хроничар, Мишо Китановски, не се случило ниту една маска двапати да парадира на манифестацијата. Карневалот завршува утре на зајдисонце со палење на маските што симболизира уништување на злото, прочистување од лошите духови и влегување со чиста душа во Новата година која започнува на тој ден според стариот календар.

Вевчанскиот карневал кој се одржува спроти празникот Василица има повеќевековна традиција. Од 1993 година Вевчани е член на Федерацијата на европски карневалски градови. Карневалот и годинава се одржува под покровителство на Министерството за култура во организација на општина Вевчани, а е потпомогнат од многубројни компании – пријатели на манифестацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...