Дончевски по трет пат го фати крстот од водите на Вардар во Скопје

Скопје, 19 јануари 2014 (МИА) - Даниел Дочевски од населбата Маџари беше најсреќен меѓу 200-те лица кои денеска се фрлија по светиот крст во водите на реката Вардар кои ги освети поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан.

Ова е трет пат како Дончевски го фаќа светиот крст за големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Годинашното чествување на Богојавление и обредот на скокање по крстот беше одбележан со нетрпеливост од учесниците, кои влегоа во реката уште пред да бидат прочитани евангелијата. На неколку пати интервенираше и поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан со цел да се обезбедат потребните услови за фрлање на крстот. Поради тоа, од МПЦ најавија дека идната година подароците ќе бидат сведени на минимум.

Тоа ќе биде икона во чест на крштевањето на Господ Исус Христос, и оние што имаат желба да се натпреваруваат, целта треба да им биде духовното раѓање, велат од свештенството.

Меѓу лицата кои денеска учествуваа на манифестацијата имаше и верници кои со децении скокаат по крстот, но и такви што досега никогаш не учествувале. Беше пријавено и едно девојче и неколку малолетници.

Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Св. Богородица Пречиста“ во Скопје, а потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите дојде на мостот на Вардар и ги освети водите на реката. И овој пат скопјани во голем број дојдоа на бреговите од Вардар за да го проследат чинот на осветување на водите и фрлањето на светиот крст.



Годинашниот кум на манифестацијата, 26-годишната Ана Марија Вуковска го даруваше Дончевски со пригодни подароци како плазма телевизор и икони од осветените места во Ерусалим.

Организатор на манифестацијата е весникот „Нова Македонија‘‘.

Богојавление - Водици е христијански празник, кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа и се верува дека оној кој ќе го фати ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Со Водици завршуваат т.н. Некрстени денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...