Би дошол во Скопје, но со грчките „црвени линии“

Атина, 21 јануари 2014 (МИА) – Грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во вчерашното обраќање пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент најавил дека би можел во наредните денови да го посети Скопје како актуелен претседавач со ЕУ, но ги повторил и познатите грчки позиции во однос на прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија.

- Грчкото претседателство ќе ги имплементира заклучоците од декемврискиот состанок на Европскиот совет. Како претседавач подготвен сум во наредните денови да ги посетам сите земји во регионот, вклучувајќи го и Скопје, без никаква разлика или дискриминација, и ќе имаме можност за дискусија меѓу претседателството на Советот и Владата на ПЈРМ, кажал Венизелос.

Посочил дека веќе имал две средби со неговиот македонски колега Никола Попоски во Брисел и во Њујорк, а се сретнал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Венизелос, како што пренесуваат медиумите во Грција, пред европратениците ги повторил и грчките „црвени линии“ во однос на спорот за името, оценувајќи ги како „умерени и разумни“.

- Учествуваме во процесот што се води под покровителство на ОН, ја почитуваме улогата на медијаторот Метју Нимиц и прифаќаме сложено име со географска одредница што би го содржел терминот Македонија, но тоа треба да биде за севкупна употреба. Тврдењата од другата страна дека „не можеме да го менуваме нашиот Устав“ се неприфатливи за европска земја, бидејќи сите европски земји постојано ги менуваат своите национални устави најчесто за да се прилагодат на европското законодавство и да се воспостави единствен европски уставен простор, истакнал Венизелос, додавајќи оти македонскиот Утав веќе претрпел измени со Охридскиот договор.

Проблемот со евроинтеграцијата на Македонија, според него, не е името, туку Копенхашките критериуми и внатрешните проблеми како што се демократијата, владеењето на правото, човековите права, како и големите отворени прашања со соседите, вклучувајќи ја и Бугарија, прашања кои, како што навел, се поврзани со европските вредности што треба да ги почитува секоја земја кандидат за членство во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...