Писмо за поддршка за приемот на Македонија во НАТО

Вашингтон 10 февруари 2014 (МИА) - Група од 40 американски конгресмени се потпишаа на писмото, подготвено од конгресмените Мајкл Тарнер и Елиот Енгел, со кое се бара прием на Македонија и Црна Гора во НАТО на претстојниот самит во Велика Британија во септември.

Со писмото воедно се бара и унапредување односно отворање на МАП процесот за Босна и Херцеговина и Грузија, како и внесување на Косово во програмата Партнерство за мир. Писмото е упатено до американскиот државен секретар Џон Кери.

- Со наближувањето на самитот на НАТО во Британија, ве повикуваме да ги продолжите напорите за проширувањето да биде клучен приоритет за САД и за алијансата. Сметаме дека САД треба да продолжи со тесна соработка со аспирантските земји Грузија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и со другите земји од средна и источна Европа, кои бараат поблиски односи со САД и со НАТО. Во 25-те години по крајот на Студената војна, земјите од централна и источна Европа побараа независност, демократија и партнерство со САД и со НАТО. Низ разните програми за соработка, главно водени од НАТО, беа спроведени значителни реформи и обезбеден голем економски раст, поодговорно управување и владеење на правото за милиони Европејци, а во изминатите две децении духот на колективна безбедност на НАТО беше темелникот на стабилноста во регионот. Цврсто веруваме дека искрената перспектива за членство во НАТО за оваа актуелна група земји – аспирантки дополнително ќе ги засили демократските институции и вредности и ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста во регионот, пишува во писмото упатено до секретарот Кери.

Конгресмените го предупредуваат секретарот Кери дека искуството со Украина, и нејзиното одбивање да потпише договор за асоцијација со Европската Унија и оддалечување од НАТО интеграциите, се потсетник за
опасностите од прекинувањето на проширувањето на Алијансата.

Конгресмените предупредуваат на опасноста од притисоци врз земјите – аспирантки од страна на ‘надворешни сили кои сакаат да го поделат континентот и да ја поткопаат посветеноста на визијата за обединета, слободна и мирољубива Европа’.

- Доколку не успееме да ги признаеме и наградиме значителните вложени
напори, можно е земјите – аспирантки да се откажат од натамошно спроведување на демократски реформи и да ослабне нивната посветеност
кон влегувањето во партнерски односи со евроатланските институции. Соединетите Американски Држави со нашите сојузници се пред клучна точка во која е неопходна акција за да се обезбеди идната релевантност
и одржливост на НАТО, пишува во писмото, кое освен од Тарнер и Енгел е потпишано од конгресмени како Том Котон, Кендис Милер, Бил Паскрел,
Роберт Адерхолт, Френк Волф, Алси Хејтингс и други конгресмени скоро еднакво поделени меѓу Републиканската и Демократската партија.

Собирањето на потписите е резултат на заедничките напори на дипломатските претставништва на овие земји и здруженијата на заинтересираните држави. Писмото на крајот на минатата недела беше доставено до Стејт департментот. Обединетата македонска дијаспора го поздравува испраќањето на овој вид отворена поддршка за НАТО аспирациите на Македонија до Стејт департментот.

- Не можеме доволно да им се заблагодариме на конгресмените Тарнер и
Енгел, двајца силни пријатели на Македонија и на регионот, но пред се и огромни поддржувачи на проширувањето на НАТО, за тоа што го одржуваат ова важно прашање во живот и го промовираат пред американската администрација во пресрет на самитот на НАТО. Тоа што писмото го потпишаа 15 членови на Комитетот за надворешни работи, седуммина од поткомитетот за Европа и десет членови на Комитетот за одбранбените сили, покажува дека расте поддршката за проширувањето на НАТО во време кога САД и НАТО ја преиспитуваат иднината на Алијансата, изјави Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

Неодамна неколку истакнати сенатори, како Џон Мекејн и Кристофер Марфи, како и влијателниот поранешен сенатор Ричард Лугар, дадоа поддршка за иницијативата самитот на НАТО во британскиот град Њупорт,
во септември, да биде посветен и на проширувањето. Сенаторите потсетија дека на последниот самит, каде САД беа домаќини во Чикаго, тогашната државна секретарка Хилари Клинтон најави дека премногу долго време поминало без прием на нови членки, и следниот самит треба да биде самит на проширување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...