Венизелос наредната недела доаѓа во Македонија

Атина, 11 февруари 2014 (МИА) – Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос од следниот понеделник ќе замине во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“ нагласувајќи дека Венизелос во улога на претседавач со Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе ги посети Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, „додека со посебен интерес се очекува неговата посета“ на Македонија.

- Ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи, и покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите во Македонија ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името кое е во неизвесност, наведува „Етнос“.

И провладиниот „Катимерини“, пред неколку дена напиша коментар за претстојната посета на шефот на грчката дипломатија на регионот, при што нагласи дека „тој брза да го убеди (Западниот) Балкан, оти и покрај економската криза изгледите за проширување се уште се живи, иако ова прашање не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство“.

- Вратите остануваат отворени за сите. Тие, сепак, пред се, треба да ги исполнат неопходните критериуми. Не постои друг начин, заклучи „Катимерини“, најавувајќи дека Венизелос при посетата на земјите од регионот нема да каже ништо ново.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...