Средба Груевски - Мијатовиќ

Скопје, 11 февруари 2014 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ, со која разговарале за повеќе актуелни прашања и теми од сферата на медиумите.

Премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнал подготвеноста и отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле.

На овој начин, потенцирал премиерот, прецизно се дефинирани и законски регулирани повеќе области. Примарната задача на новите законски решенија, како што посочил на средбата Груевски, е обезбедување и поттикнување на развој на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, како и развој на медиумската сфера и независната продукција, поттикнување на културата на јавен дијалог во насока на заштита и поттикнување на творештвото, слободата, образовниот и научниот развој.

Претставничката  за медиуми на ОБСЕ го поздравила носењето на таквите законски решенија, истакнувајќи притоа дека компаративно гледано спаѓаат меѓу подобрите во регионот.

Истовремено, Мијатовиќ посочила дека преостанува процесот на нивна имплементација што, како што подвлекла на средбата, зависи од волјата, капацитетите и подготвеноста на сите чинители во тој процес.
 
- Премиерот Груевски даде силна поддршка на имплементацијата на донесените законски решенија упатувајќи благодарност до претставниците на ОБСЕ за поддршката и нивната вклученост во тој процес. Претставничката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ информираше дека Република Македонија ќе биде домаќин на регионалната медиумска конференција која ќе се одржи во Скопје, се вели во соопштението.

Соговорниците на средбата се согласиле дека заеднички ќе продолжат да придонесуваат за унапредување на стандардите и обезбедување на развој во медиумската сфера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...