Законите за медиуми се добри, сега е важно нивното спроведување

Скопје, 12 февруари 2014 (МИА) - Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ смета дека Македонија не се разликува многу од останатите земји во Западен Балкан на полето на слобода на медиуми и како многу добри ги оценува новодонесените закони за медиуми во земјава.

- Мојата оценка е дека законите за медиуми сега се многу добри. Експертите од мојата канцеларија имаа одлична соработка со властите при нивната подготовка и јас го поздравувам тоа што најголем дел од нашите материјални забелешки беа прифатени. Сега е важно нивното спроведување кое ќе им даде можност на сите да ги оценат ефектите и да видат дали ќе се подобри состојбата со слободата на медиумите во земјата, порача Мијатовиќ на денешната прес-конференција.

Таа нагласи дека e најважно овие закони да се спроведуваат на начин со кој ќе се промовира медиумската независност, ќе се обезбеди плурализам на мислењата и да се слушне гласот на сите засегнати страни.

На вчерашните средби со премиерот Никола Груевски и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, посочи, се разговарало и за спроведувањето на законите со претставниците на медиумската заедница.

- Целосното учество е единствениот начин да се подобри медиумското опкружување без разлика колку е тоа тешко. Позитивно е што медиумската заедница беше консултиранa и зема учество во подготовката на овие закони, рече Мијатовиќ.

Кажа дека е загрижена пoради недостиг на солидарност и единство кај медиумската заедница кога се работи за прашања од заеднички интерес.

- Не барам и не размислувам  дека мора да се сакате, но мора да најдете заедничка основа да се осврнете на прашањата кои ќе бидат од полза на сите вас. Подготвена сум со мојот тим да помогнам, но мислам дека единствените кои можат да го решат овој проблем се новинарите и новинарската заедница во Македонија. Целосното учество на сите е единствен начин да се подобри опкружувањето на медиумите, рече Мијатовиќ и порача заеднички да се работи на едно функционално саморегулирачко тело и систем за печатените и интернет медиумите.

Рече дека е подготвена да понуди помош и во однос на трансформацијата на јавниот радиодифузен сервис и процесот на реформи што таму почнува.

На вчерашните средби, нагласи, го поздравила фактот што Македонија ја декриминализираше клеветата, но додаде дека се уште има голем број случаи во кои казните можат да предизвикаат одредени медиуми да се соочат со уништување. - Тоа е нешто што мора да се смени веднаш, бидејќи може да го доведе во опасност плурализмот на медиумите. Подготвени сме да помогнеме и во овој процес, рече Мијатовиќ.

Во однос на кампањите и огласувањето од страна на јавните органи, посочи дека има проблем кај дистрибуирањето средства и недостиг на транспарентност. - Тоа може да предизвика  проблем за некои со преголема зависност од јавни средства, а за други може да биде област каде е потребна поголема транспарентност и што е можно побрзо подобрување. Со проблемот треба да се справиме веднаш, рече Мијатовиќ, нагласувајќи дека е неопходна целосна транспарентност.

Информира дека вчера го посетила новинарот Томислав Кежаровски и искажа задоволство што нејзините залагања за случајот резултирале со фактот што Томислав е сега дома со неговото семејство и ја очекува апелациската постапка.

Најави дека од македонските власти добила поддршка во септември во Скопје да ја организира најголемата конференција на ОБСЕ во Југоисточна Европа на која ќе се разговара за проблеми кои се важни за целиот регион.

Во однос на рангирањето на Репортери без граници рече дека ги следи и им посветува внимание на ваквите рангирања, но нагласи дека нејзината оценка за слободата на медиуми ја базира на своите параметри, со цел, како што рече, да види каква е ситуацијата.

- За мене најважна е безбедноста на новинарите и тие да можат слободно да ја вршат својата работа. За жал, можам да кажам дека тоа не е случај во ниту една од земјите во Западен Балкан. Има одредени прашања во кои некои земји се подобри или полоши, но мислам дека не може што било да се постигне со споредби, прецизира Мијатовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...