Пациентите со симптоми на труење се во стабилна состојба

Учениците и професорите од средното економско училиште од Гостивар кои вчеравечер со симтомпи на труење од гас беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје се во стабилна здравствена состојба, а осум од 14 ја напуштиле Клиниката во текот на ноќта.

- Имаме одредени резултати кои кај сите се апсолутно во граница на референтни вредности или негативни, чекаме уште резултат од токсиколошките анализи и затоа не можеме одговорно да им кажеме да си одат дома. Но во меѓувреме, пациентите самите си заминуваат на потпис. Шесте што останаа се, исто така, во добра состојба и се нестрпливи да си одат, изјави утрово за МИА д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

Пациентите вчера се пожалиле на симптоми на труење од гас, печење во очите, гребење во грлото и проблеми со дишењето. Некои од хоспитализираните тие симптоми ги немале кога дошле на Клиниката, а беа задржани од претпазливост и за опсервација. Пациентите синоќа ги посети и премиерот Никола Груевски.

Треба да се утврди дали труењето е од гас. - Ќе оставиме прво да ги видиме токсиколошките анализи, што е во наш домен, а другото им го оставаме на другите институции да си проверат за што се работи. За нас е најважно пациентите да се добри, да немаме влошување и животно загрозени, рече д-р Чибишев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...