Венизелос се сретна со Попоски и Бесими

Скопје, 20 февруари 2014 (МИА) – Спорот за името бил тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со грчкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос кој престојува во посета на Македонија во својство на претседавач со Советот на министри на ЕУ.

- Да, секако. Од наша страна е прашање за кое мораме отворено да дискутираме бидејќи знаеме дека е тоа клучната пречка која ни е поставена кон ЕУ и кон НАТО. Не верувам дека во моментов има политичка клима за суштинска посветеност од другата страна на ова прашање за придвижување напред. Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа се сите реформи кои ги правиме за подобра Македонија. Ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат, рече министерот Попоски на новинарско прашање дали на средбата со Венизелос станало збор за името.

 Попоски воедно го подвлече ставот на Македонија дека владеењето на меѓународното право, преземените обврски и искрениот и отворен дијалог на политичко ниво се единствениот начин за да се помести ова прашање.

Тој притоа истакна дека очекува од Грција чие претседавање со ЕУ има посебна димензија бидејќи станува збор за земја-сосед да го помогне придвижувањето на евроинтегративниот процес на Македонија иако, вели, Атина пет години се спротивставува на тоа. Во тој контекст Попоски подвлече дека пристапниот дијалог на високо ниво е корисен инструмент кој ни овозможува да работиме паралелно на реформите кои се значајни за нас, како и на конкретни проекти со нашите соседи кои се во интерес на ЕУ и на земјите од регионот.

 - Се надеваме дека во ова претседателство сепак ќе бидат преземени чекори во контекст на нашата интеграција во ЕУ која би била единствен начин за да се оправда затоа што имаме земја-членка од регионот која сега го има претседавањето со ЕУ, рече шефот на македонската дипломатија.

Прашан од грчки новинар, доколку до Самитот на НАТО во септември не се дојде до решение и имајќи ја предвид пресудата на Меѓународниот суд на правдата, дали Македонија повторно ќе го покрене тоа прашање пред Судот во Хаг или друга меѓународна организација, Попоски рече дека мора да се има предвид правниот аспект и посочи оти во моментот не би сакал да навлегува во шпекулации.

 - Сакаме да станеме дел од меѓународни организации во кои владеењето на правото е во сржта на нивното постоење. Во тој контекст не смееме во никој случај да го игнорираме правниот контекст без притоа да сакам да навлегувам во шпекулации за тоа што би било кога би било. Наш интерес е да бидеме дел од ЕУ и НАТО таму каде што е веќе нашиот јужен сосед. Затоа ќе работиме на двата плана паралелно и на домашен и на билатерален и на планот со тие меѓународни организации, рече Попоски.

Според него, Македонија е целосно отворена за дијалог и не може да се става во прашање подготвеноста на земјата за решавање на спорот за името.

 - Ние историски сме биле ставени во ситуација да почитуваме договори кои ни биле наметнати врз основа на измислени спорови. И покрај тоа, сме отворени за дијалог во секој момент и на секое ниво, подвлече Попоски.

За тоа зошто Венизелос само во Скопје не одржува заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата на земјата која ја посетува во рамки на неговата балканска турнеја, Попоски со став дека тоа „е можеби затоа што не му се допаѓа позадината“, и оти во прашање „се вкусови“, мислејќи притоа на паното на кое се испишани официјалното име на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи пред кое се одржуваше прес-конференцијата.

По средбата со Попоски, грчкиот министер за надворешни работи се сретна и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, а предвидено е да разговара и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ Зоран Заев.

 Предвидено е Венизелос на крајот од посетата на Македонија да одржи прес-конференција во ЕУ Инфо центарот во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...