Десет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Скопје, 26 февруари 2014 (МИА) - Во Македонија и во Босна и Херцеговина денеска ќе бидат одбележани десет години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Ротимље на одбележувањето на деветгодишнината од трагичната смрт на Трајковски ќе присуствува македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов. Во составот на делегацијата ќе биде и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, како и претставници на АРМ.

На спомен обележјето обраќања ќе имаат претседателот Иванов и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положи собраниска делегација составена од Светлана Јакимовска, Сузана Салиу, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Рејхан Дурмиши.

Претседателот Борис Трајковски загина на денешен ден во 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

Првичната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност.

На барање на Македонија, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година.

Главниот истражител на меѓународниот тим и претседател на Комисијата за воздухопловство при Министерството за сообраќај и комуникација на Босна и Херцеговина, Омер Кулиќ, потврди дека новата истрага е завршена и оти со неа ќе биде ставен крај на случајот „Трајковски“.

Сепак, комисијата нема да ги презентира своите наоди на 10-годишнината од загинувањето на Трајковски, како што претходно беше најавено, туку во март или април годинава. Резултатите од истрагата најпрво ќе ги добие обвинителот на БиХ.

- Истрагата генерално е завршена. Остана да добиеме уште два-три ситни детали. Се работи за документи на службата. Остана тоа да го подготвиме, да ги дадеме мислењата кои мораме да ги пратиме и да ги објавиме, изјави Кулиќ.

Според него, обвинителот на БиХ ќе одлучува, дали по негово мислење има елементи за некои кривични дела, а во соработка со обвинителот од Македонија ќе анализира, ќе се усогласува, ќе проценува што се случило со авионот на претседателот Борис Трајковски на 26 февруари 2004 година.

 Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година.

Трајковски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи. 

Од 21 декември 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата предводена од Љубчо Георгиевски. Трајковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на партијата, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија и на меѓународната конференција „Решавање на конфликти“ со седиште во Атланта, САД. Бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.

За претседател на Република Македонија беше избран во 1999 година. Должноста шеф на државата ја извршуваше до 26 февруари 2004 година кога загина во авионска несреќа во близина на Мостар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...