Во Мостар одбележана 10-годишнината од загинувањето на Трајковски

Скопје, 26 февруари 2014 (МИА) - Македонија загуби голем државник и визионер со европска и евроатлантска стратегија, регионот миротворец посветен на дијалогот, градењето доверба и меѓусебно разбирање и почитување, а светот пак човек со големо срце кој со својата добра мисла ги поврзуваше луѓето каде и да одеше. Ближните загубија сакан сопруг, татко, син, брат, роднина, пријател...

Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов кој денеска ја предводеше македонската државна делегација на одбележувањето на 10 години од авионската несреќа и загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници во месото Ротимље кај Мостар.

Како што јави известувачот на МИА од Мостар, во нашата делегација беше и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, претставници на АРМ, а венци свежо цвеќе на спомен обележјето положија и претставници на највисоките власти на БиХ, како и  претставници на здруженијата на Македонците во БиХ, македонските миротворци дел од АЛТЕА и Марија Трајковска внука на починатиот претседател.

- Денес 10 години подоцна сеуште чекаме да се исполни визијата на Борис Трајковски за европска Република Македонија. Уверен сум дека неговиот сон и сонот на секој македонски граѓанин за Македонија, како полноправна членка на ЕУ и на НАТО ќе биде остварен, изјави Иванов. Потсети дека последниот документ врз кој Трајковски го стави својот потпис беше апликацијата за членство на РМ во ЕУ.

Секогаш доследен на своите вредности, додаде Иванов, тој сакаше благодатта од мирот и стабилноста да ја почувствува целиот регион што се уште закрепнуваше од траумите на поделбите, изолацијата и конфликтите. - Борис Трајковски го вложи сиот свој авторитет на ценет државник и политичар, за да му понуди на регионот еден нов светоглед. Светогледот на дијалогот како предуслов за градење доверба и заедништво меѓу луѓето, државите и народите, истакна тој.

Шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за еден месец се очекува финалниот извештај од повторената истрага затоа што, како што рече, се сметаше дека  првиот не ги задоволува сите барања и сите елементи не беа содржани. - Да се надеваме дека овој извештај ќе ги расветли сите околности и ќе ја имаме вистинската претстава за оваа трагедија, изјави Иванов.

Претседавачот на босанското претседателство Желко Комшиќ рече дека покојниот претседател Борис Трајковски беше пријател на БиХ, пост политичар, дипломат и државник.

- Болката што неговото семејство ја чувствува веќе десет години, за жал неможеме да понудиме утеха, туку само сочувство во надеж дека семејството ќе дојде до вистината и ќе го добие заслужениот мир во своите души. БиХ изгуби голем пријател, а целиот регион голем лидер, изјави Комшиќ.

На патот од местото на несреќата во првите куќи кон Ротимље овој топол и сончев 26 февруари сретнавме еден од мештаните, кој рече дека се сеќава на несреќата, дека тоа утро не чул ништо, но оти ја видел колоната на СФОР како оди одоздола. Негов постар сосед и роднина видел некого или нешто, како што вели таму горе.

На брдото Матиќ, кај спомен плочата во Ротимље се обележани местата односно точките каде што  удирал авионот пред конечно да се урне. И денеска таму беа некои од соработниците на Трајковски и членовите на неговиот кабинет, кои го чекаа претседателот во Мостар на 26 декември 2004 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...