Стево Пендаровски кандидат на СДСМ за претседател на Македонија

Скопје, 4 март 2014 (МИА) - Стево Пендаровски и официјално избран за кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија. Пендаровски доби поддршка од сите 588 присутни делегати на 16. Конгрес  што вечерва се одржа во Скопје под мотото „Македонија заслужува претседтел“.



Доколку ја добие довербата од граѓаните, Пендаровски пред присутните делегати и гости на Конгресот рече дека ќе биде човек што ќе се грижи и ќе ги почитува интересите на сите граѓани. Повикувајќи ги да ја дадат поддршката за него, истакна дека како еден од најблиските соработници на поранешните претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски е подготвен за одговорноста што ја носи функцијата шеф на државата.

- Со ваша, но и со поддршка на голем број граѓани на Македонија ќе треба  најпрво да ја кренеме државата на нозе, а во некои делови да ја градиме и од почеток. До ниту една победа не се стигнува без работа и по споредни патеки, рече Пендаровски.

Претставувајќи го сопствениот концепт за државата посочи дека неговата цел е да биде претседател, кој ќе биде чувар на Уставот, заштитник на граѓаните и обединувач на нацијата.

- Нема да имам дилеми кога ќе треба да се спротивставам на било која злоупотреба на власта, да ги заштитам граѓаните од притисокот. Во ниту еден момент нема да се колебам да ги употребам сите овластувања, кои ми ги дава Уставот за да се спротивставам на кршењето на човековите права, рушењето на демократијата, ограбувањето на татковината и продлабочувањето на поделбите во земјава, рече Пендаровски.  



Според него, нормално е Македонија да биде демократска, а не автократска држава, рамноправна членка на ЕУ, правна држава со независно судство...

Претседателските избори заедно со парламентарните, додаде Пендаровски, се тест за зрелоста на нашата држава и народ, но и голема шанса, како што подвлече, да се спротивстават на политиките кои преку поделби и задолжување ја уништуваат државата.

Лидерот на партијата Зоран Заев во своето обраќање ги повика партиските членови, но и граѓаните да го поддржат Пендаровски да биде избран за претседател на државата.

- Стево Пендаровски е човек со став, достоинство, со личен професионален и морален интегритет и кредибилитет, човек од народот и мудар човек. Во важни моменти за државата учествуваше во донесувањето на најтешките одлуки што го вратија мирот, безбедноста и просперитетот на Македонија. Тој е човек, кој ужива углед и дома, во нашата земја, но и во светот, кој ќе ги претставува интересите на сите граѓани на Македонија без разлика на нивната верска, национална, политичка и друга припадност, рече Заев.

Говорејќи за политиките на актуелната власт, тој обвини дека на граѓаните им е загрозена егзистенцијата, а мнозинството се потонати во сиромаштија. Според него Македонија е изолирана држава, и, како што наведе, како во пајакова мрежа е заплеткана иднината на државата и перспективата на младите.

- Се сеќавате дека само неколку години по немилиот конфликт тогашната Влада на СДСМ ја донесе Македонија до кандидатски статус во ЕУ. Тогаш земјата беше дури и чекор пред Хрватска, а сега е далеку и зад Србија, БиХ и Косово, рече Заев.

Целта на СДСМ, како што нагласи, е да продлжи да ја гради, европската и просперитетна иднина на Македонија.

- Да застанеме рамо до рамо со граѓаните и да ги поведе во победничка битка за спас на Македонија.

СДСМ најави дека кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Република Македонија ќе биде формално доставена со поддршка од најмалку 30 пратеници од опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...