ДИК ги потврди кандидатурите за претседателските избори

Скопје, 14 март 2014 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги потврди кандидатурите за претседател на Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Зоран Поповски и Илијаз Халими за изборите закажани на 13 април. За кандидатурите на Иванов, Пендаровски и Поповски „против“ гласаше  само потпретседателот на ДИК предложен од ДУИ, Субхи Јакупи, додека „воздржан“ беше само при гласањето за Халими, кој е поддржан од Демократската партија на Албанците.



Членовите на ДИК не се согласија со Јакупи дека канидатурите не се во согласност со член од Изборниот законик и на Уставот, бидејќи кандидатите ќе користат амблеми на политичките партии кои ги поддржуваат односно на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ГРОМ и ДПА, бидејќи се предложени од група избирачи или од пратеници од повеќе политички партии. Симболот може да го користи, според Јакупи, само партијата.

- Нема согласност од партиите дека кандидатите можат да го користат нивниот партиски амблем. Кандидатите ќе ја претставуваат државата само со симбол на една партија, а се предложени од над 30 пратеници и од повеќе граѓани, изјави на денешната седница на Комисијата, Јакупи.

Членот на ДИК Бедередин Ибраими рече дека треба да се примени искуството од претходните избори во 2009 година кога партиите дале согласност за користење на нивните симболи, но исто така и дека не гледа ништо спорно во кандидатурите.

- Секоја листа која денеска се наоѓа пред нас ги исполнува соодветните критериуми и ДИК треба да ги прифати. Во однос на симболот на кандидатурите, доколку некоја од политичките партии смета  дека некое право им е нарушено во соодветна постапка може  да го одбрани, рече Влатко Сајковски.

Дека листите ги исполнуваат условите да бидат прифатени сметаа и другите членови на ДИК, Виолета Дума, Сашо Срцев, Анета Стефановска и претседателот на Комисијата Никола Рилковски.

Дума истакна дека бидејќи симболите се ставени на кандидатурите, партијата се согласила кандидатот да го користи.

Во кандидатурата на Зоран Поповски од ГРОМ недостасуваше единствениот даночен број и трансакциска сметка, што може дополнително да биде доставено.  

На денешната седница беше констатирано исто така дека сите кандидати го минале филтерот на Комисијата за верифиакција на факти и дека можат да извршуваат јавна функција.

Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ е предложен со потписи од 55 пратеници и 64.961 потпис од граѓаните. Кандидатурата на Стево Пендаровски од СДСМ е  потпишана од 38 пратеници. За Илијаз Халими, кандидат поддржан од ДПА, потпис со поддршка дале 12.303 граѓани, а за Зоран Поповски од ГРОМ, 10.585 граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...