Утврден редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче

Скопје, 17 март 2014 (МИА) -  Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов ќе биде прв на избирачкото ливче за претседателските избори на 13. април. Втор, според жребувањето што се одржа денеска во Државната изборна комисија,  ќе биде кандидатот на ДПА Илијаз Халими, Стево Пендаровски од СДСМ ќе биде трет, додека кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ќе биде четврти.

ДИК утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател на Република Македонија најдоцна до утре ќе ја објави во Службен весник.

Кандидати за претседател на државата се Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, предложен со потписи од 55 пратеници и 64.961 потпис од граѓаните, Стево Пендаровски од СДСМ кој е поддржан од 38 пратеници, Илијаз Халими, од ДПА, за кого потпис со поддршка дале 12.303 граѓани и Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ, поддржан со потписи од 10.585 граѓани.

Денеска исто така завршува рокот политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба да донесе решение во рок од три дена, а доколку партијата не е задоволна од него може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. По тужбата Управниот суд е должен да одлучи во рок 24 часа. ДИК го заклучува Избирачкиот список за претседателските избори најдоцна до 22 март.

Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24. март.

За вториот круг од изборите на 27. април, доколку не биде избран претседател на државата, се закажани и предвремени парламентарни избори.

Од утре, 18 март, започнува да тече дваесетдневниот период пред отпочнување на изборната кампања па до завршување на предвремените парламентарни избори кога не може да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати, да се одржуваат јавни настани по повод започнување изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти. 

Како што се наведува во Роковникот за изборни дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори, под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира, особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање. Од ДИК напоменуваат дека овој рок важи и ќе се применува до изборот на претседател на државата, пратеници и изборот на Владата, согласно резултатите од изборите.  

Од вчера започна да тече дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во подрачните одделенија и месни канцеларии на ДИК. Истовремено тече рокот и за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање или за запишување, дополнување или бришење на податоците од ИС. И овој рок истекува на 30 март.  

Собирањето на потписи за предлагање на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, од група избирачи, исто така започна вчера и ќе трае до 25 март. Потписи од група избирачи може да се собираат и пред овластено лице во Дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите до ДИК треба да ги достават најдоцна до 29 март.   

Кампањата за предвремените парламентарни избори започнува на 5 април. Молк ќе има на 12 и на 13 април, пред првиот круг од претседателските избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...