Нови 14 лица заболени од морбили

Скопје, 11 април 2014 (МИА) - Во изминатите пет дена регистрирани се 14 нови случаи со морбили, соопшти денеска Центарот за јавно здравје - Скопје.

Според информацијата на Центарот, седум од регистрираните случаи се на возраст од 30 до 43 години, а другата половина се деца до шест години.

Осум лица од заразените биле невакцинирани, пет не подлежат на вакцинација, односно се помали од 13 месеци и едно лице било вакцинирано само со една доза МРП.

На Инфективната клиника, како што е наведено во соопштението, во моментов се хоспитализирани осум лица.

Од прогласувањето на епидемијата на 25 март до вчера во Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје - Скопје, од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и ГОБ „8 Септември“ биле регистрирани 39 случаи заболени од морбили.

Од почетокот на епидемијата, 6 јануари регистрирани се 64 случаи на мали сипаници, кои се клинички, лабораториски и епидемиолошки поврзани. Четириесет од нив не се вакцинирани, 12 не подлежат на вакцинација, односно се помали од 13 месеци, за четири нема податок и осум лица се вакцинирани со една доза на МРП.

Од потврдените случаи 42 лица се на возраст од 19 до 43 години, 21 е до шест години и едно лице е 15 години.

Во периодот од 31 март до 4 април во Здравствениот дом - Скопје вакцинирани се 197 деца на возраст од 12 месеци до 3 години и 161 дете на возраст од 6 до 13 години.

Со лица заболени од морбили се зафатени 10 општини во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...