Потпишан договор за соработка на полициите на Македонија и на Кина

Скопје, 14 април 2014 (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик-министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина Јанг Хуаннинг, кој е во дводневна работна посета на Република Македонија, денеска потпишаа билатерален договор за заемна соработка.

Во делот на соработката, потенцира Јанкулоска, односите се повеќе добиваат на интензитет и како резултат на тоа, поголема група вработени во МВР веќе учествувале на различни обуки во НР Кина.

На средбите се разговарало за области каде што има простор за размена на информации и соработка, како што се борбата против недозволена трговија со дрога, мигранти, тероризмот, како и борбата против интернет криминалот и другите глобални закани.

- Конструктивни средби во насока на продлабочување на меѓусебната соработка и односите помеѓу двете држави, со оглед на се поинтензивната економска соработка и потребата за поголем интензитет на размена и патување луѓе од Кина во Република Македонија, нашата цел беше да воспоставиме стабилен систем на размена на информации во делот на сите области кои веруваме дека ќе помогнат во однос на подобро функционирање во делот на прашањата кои се во надлежност на МВР, изјави по средбата Јанкулоска, посочувајќи оти ова е посета на највисоко ниво во дeлот на соработката помеѓу двете полиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...