Снег на планините, забрани за камиони на неколку патишта

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутринава на планинскиот премин Ѓавато, патните правци Охрид - Ресен,Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар- планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од земјава има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...