Воената академија ќе соработува со водечки центар за кризен менаџмент од Аризона

Вашингтон, 16 април 2014 (МИА) - Воената академија Генерал Михаило Апостолски и Државниот универзитет Аризона (АСУ) потпишаа договор за соработка во областа на кризниот менаџмент, со кој Македонија ќе може да го користи искуството и знаењето на еден од најдобрите центри за управување со кризни ситуации во САД.

Центарот на АСУ е специјализиран за разни области, како што е откривање на биолошки и хемиски закани, заштита на критична инфраструктура, обезбедување на енергетската стабилност, заштита на животната средина и други области, користејќи ги ресурсите на Државниот универзитет Аризона, базиран во Феникс, поточно во Темпи, братскиот град на Скопје.

- Со овој договор се создава формална рамка за унапредување на соработката со една од најпрестижните образовни институции во светот во областа на кризниот менаџмент и управувањето со кризи. Благодарение на д-р Кирил Христовски од Државнииот универзитет Аризона, беше потпишан меморандум за соработка со оваа институција, кој треба да биде платоформа преку која ќе ја прошириме соработката во образованието преку различни проекти како што се обуки, семинари и вистински научни истражувања од кои корист нема да имаат само Македонија или САД, туку и целиот регион, вели полковник д-р Орце Поповски, декан на Воената академија Генерал Михаило Апостолски.

Соработката ќе се одвива со Центарот за реагирање на вонредни состојби на Државниот универзитет на Аризона, една од врвните институции од таков вид во САД. Ист ваков договор, АСУ потпиша и со Меѓународниот институт за безбедност во српскиот главен град Белград.

Полковникот Поповски вели дека соработката со универзитетот во Аризона ќе овозможи дополнително зголемување на угледот на македонската Воена академија, како регионален центар на образование во областа на безбедноста, во рамките на започнатата кампања за развивање на меѓународната соработка на Воената академија, при што таа развива соработка и со Институтот за одбранбено – правни студии по меѓународно право од Њупорт во Роуд Ајленд и организираше регионална школа на НАТО за сајбер одбрана со над 80 предавачи.

- При дизајнирањето на новата Воена академија се водевме од тоа да имаме сеопфатен пристап кон одбранбениот и безбедносниот сектор што не одведе до потребата за проширување на образованието во доменот на кризниот менаџмент и заштита и спасување. Договорот со Универзитетот од Аризона за нашите студенти ќе значи исклучитлена можност да можат да учат од најдобрите, но и да работат како млади истражувачи со најдобрите во оваа област. Воената академија е акредитирана за седум програми во областа на одбраната и две од областа на кризниот менаџмент, за прв и втор циклус на студии, вели полковник Поповски.

Тоа што особено го радува, вели, е што полека, но сигурно станале препознатлив фактор во регионот, бидејќи покрај студентите и питомците од Македонија, на Воената академија се школуваат и питомци од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а идната година очекува да започнат со школување и на студенти од Словенија.

- Со овој договор се создава можност за градење на капацитетите не само за Македонија туку и за целиот регион, дециден е полковник Поповски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...