Намален бројот на заболени од грип

Скопје, 17 април 2014 (МИА) - Вкупно 223 лица со грип и заболувања слични на грип се пријавиле последнава недела, од 7-ми до 13-ти април, што е намалување за 24,9 отсто во однос на претходната и 53,4 проценти во споредба со 15-тата недела минатата сезона.

Како што соопшти Институтот за јавно здравје, не е регистриран ниту еден смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип. Вкупниот број починати оваа сезона останува 12.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со минатата недела, вкупниот број заболени од грип во Македонија изнесува 28.748 што е за 16,6 отсто повеќе во однос на истиот период лани и за 59,6 проценти во однос на просекот за 10-годишниот период. Најмногу болни се на возраст од 15-64 години, 65,1 отсто, а најголем морбидитет 238,2/10.000 е регистриран кај децата до 4-годишна возраст. 

Бројот на заболени во 15-тата недела во однос на просечниот во изминатиот 10-годишен период, е поголем за 2,7 пати.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени 50 отсто од вкупниот број случаи во целата сезона. Во јануари се регистрирани 23,7 проценти, во март 21,1 отсто, а во првите две недели од април 1,8 проценти.

Најголем број заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје, 4.105 и Прилеп, 3.961, а најголем морбидитет 751,3/10.000, во Подрачната единица Кавадарци.

Епидемиолошкиот коментар е дека интензитет на активноста на вирусот на грип е низок, со задржување на трендот на континуирано опаѓање. Се регистрира главно спорадична појава на случаи на заболување. Се намалува и бројот на тестирани и на позитивни примероци од земен материјал за тестирање, од случаи на заболувања слични на грип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...