Продолжуваат археолошките истражувања на Стоби

Скопје, 17 април 2014 (МИА) - На археолошкиот локалитет Стоби годинава ќе се извршува доистражување и конзерваторско-реставраторски зафати на источната половина од гледалиштето на Театарот и ќе се реализира финалната фаза за враќање на мозаикот во наосот на Старата епископска базилика. Овие два проекти се во рамки на Годишната програма на Министерството за култура.  

Театарот во Стоби е еден од најрепрезентативните објекти од римскиот период, на кој заради големината и комплексноста истражувањата и конзервацијата се изведуваат во неколку фази.

Од тие причини, како што информира Министерството за култура, годинава  ќе се работи на двата сегменти на гледалиштето во источната, а потоа и на западната половина на театарот. Со проектот се предвидува реконструкција на мермерните седишта во источната половина, со што капацитетот на градбата за одржување културни настани двојно ќе се зголеми.

- Археолозите во изминатиот период интензивно работеа и на проектот за конзервација на мозаикот во крстилницата на Епископската базилика, а работите годинава ќе финишираат со негово враќање во базиликата. Враќањето на мозаикот кој по подолго време конечно ќе и биде достапен на јавноста, ќе биде атракција  не само за посетителите туку и за голем дел од научната јавност, информира Министерството за култура.

Во рамки на музејската дејност ќе се вршат археолошки истражувања на комплексот околу храмот на Изида, а внимание ќе се посвети на конзервација на движниот археолошки материјал: предмети од метал и стакло и камени споменици. Одобрени се средства и за конзервација на мермерната скулптура на Афродита, за која предлог проектот е во фаза на подготовка.

Националната установа Стоби и годинава ќе ги реализира и двете меѓународни летни школи. Во јуни ќе се одржи школата за конзервација на керамични садови и мозаик, а во текот на јули летната археолошка школа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...