Тимот на Телеком и Т-Мобиле ќе трча на Скопскиот маратон за хуманитарни цели

За секој истрчан километар – донација од 1.500 денари ,  Вкупна донација од 11.000 евра за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост

Вработени во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе учествуваат на Скопскиот Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 11 мај, 2014 година. Дваесет вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.

„Учеството на маратонот не е само лична сатисфакција, туку и голем предизвик, зошто од нашата решителност и издржливост ќе зависи висината на донацијата која ќе ја добијат лицата со интелектуална попреченост. Но, тоа е само мотив повеќе и тимот на Телеком и Т-Мобиле ќе даде се од себе да стигне до целта“ – изјави Димитар Ковачевски, директор на комуникации во Македонски Телеком и учесник на маратонот.

Деветнаесет од вработените ќе учествуваат во полумаратонот од 21 километар, а еден во маратонот од 42 километри и доколку сите ја завршат трката, вкупната донација ќе изнесува 11.000 евра.

Донацијата ќе се реализира преку Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје, што ги застапува правата и интересите на овие лица на територијата на град Скопје.

„Дневниот центар на ПОРАКА - Скопје функционира успешно веќе 14 години, но бројот на лицата со интелектуална попреченост е зголемен во изминатите години, а новите простории треба да се адаптираат и реновираат. Со донацијата од Македонски Телеком, ќе се задоволат целосно стандардите за ваков вид на сервисна служба, што е многу важно за квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост“. – изјави Владо Крстовски, претседател на ПОРАКА - Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...