Велигденска честитка од Комисијата за односи со верски заедници до МПЦ-ОА

Скопје, 18 април 2014 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи до поглаварот на Македонска православна црква - Охридска архиепископија г. г. Стефан и Светиот Синод, по повод празникот над сите празници-Воскресението христово-Велигден.

- Спасителот Господ Исус Христос вели: „Во светот ќе имате многу неволји, но не бојте се зошто Јас го победив светот!“. На овој голем празник над сите празници се потсетуваме на големата жртва која Исус ја даде за сите нас и кој воскресна за да имаме живот вечен. Воскресението на Спасителот е победа над гревот и смртта и раѓање на еден нов свет ослободен преку Неговото страдание на крстот. Токму затоа, празникот Воскресение Христово-Велигден ни дава радост и нова надеж, не поттикнува на добри дела и на љубов кон ближниот, се вели во честитката.

Празникот на Христовото Воскресение-Велигден, се додава, има посебно место и углед во животот на милиони луѓе во светот, поттикнувајќи ги на истрајност, пожртвуваност и нови духовни победи. Токму таква е, се вели, светата мисија на МПЦ-ОА, која во промовирањето на високите морални вредности на семејната традиција и воспитувањето на младите поколенија претставува столб на верата и на идентитетот на нацијата.

- Исполнувањето на оваа благородна мисија во денешно време на сеопшто негирање не е ни малку лесна задача, туку вистински предизвик поради што се надевам и натаму ќе продолжиме заеднички да ја остваруваме. Ви посакувам овој голем христијански празник да го поминете во многу љубов и мир, во топла блискост во вашите домови, да влее надеж и верба во новиот живот и новиот почеток кој настанува со Христовото распетие и победа над смртта. Нека Воскресението Христово-Велигден ни го осветли божјиот пат на љубовта, почитувањето и меѓусебното разбирање. Христос воскресе – навистина воскресе, стои во честитката од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...