Митрополит г. Петар: Воскресението Христово ни ја дава вистинската смисла на животот

Битола, 20 април 2014 (МИА) - Преспанско-пелагониската епархија, големиот христијански празник Велигден го прослави во централниот битолскиот Храм „Св. Великомаченик Димитриј“ каде богослужеше митрополитот г. Петар и кој точно на полноќ на сите православни верници им го честита празникот над празниците поздравувајќи ги со зборовите „Христос воскресна!“.

Во своето пригодно обраќање митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар истакна дека воскресението Христово ни ја дава вистинската смисла на животот и нагласи дека животот не е повеќе само збир на историски настани туку е заедница до Бога.

- Да го живееме воскресението значи човекот да се обожи, а светот околу себе да го освети. Ние денес живееме во едно чудно доба, во едно време на кризи на духот и културата. Во нашата свештена историја имало периоди на т.н. повторно вреднување на вредностите, но само во нашето време се појави загубата на вредностите. Со леснотија може да се воочи колку денес е изгубена концепцијата за духовните вредности, за верата, за нацијата, за правдата и правичноста, за бракот, за семејството, за чистотата и чистата природа, за љубовта кон Бога и ближниот. Намалена е вредноста и на самиот живот кој е најголем дар од Бога и стремежот да се избегне од обврска да се живее достојно и одговорно во секој поглед. Присутно е бегството од литургискиот живот и се постојано е итањето по светот на фантазијата, рече меѓудругото митрополитот на преспанско пелагониската епархија и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.


Преку воскресението Христово се надминаа сите проблеми на човекот, а овој ден, Велигден е избран ден, празник е над празниците, торжество над торжествата, истакна митрополитот г. Петар на централна велигденска свеченост што синоќа се одржа во Храмот „Св.Великомаченик Димитриј“ во Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...