Ликовен хепенинг за Меѓународниот ден на Мајката Земја

Скопје, 22 април 2014 (МИА) - Градската библиотека „Браќа Миладиновци”  по повод Меѓународниот ден на Мајката Земја, денеска точно на пладне ќе се приклучи кон светското одбележување на Денот на Мајката земја со ликовен хепенинг.

Меѓународниот ден на Мајката земја промовира поглед на Земјата како субјект, кој ги одржува сите живи нешта кои се во природата и ширење на глобалната свест за меѓузависноста што постои меѓу луѓето и другите живи видови и нашата планета.

- Сите ние ја добиваме Земјата како целина и го имаме нашето место во неа. Хармонијата со природата е идеата на овој настан и со активно учество на децата, како заштитници на Земјата, се дефинираше темата на ликовниот хепенинг - „Биди и ти заштитник на планетата“, велат организаторите.

Ликовниот хепенинг се организира во соработка со Центарот за едукација и креативност „Никулец Креатива“ и учениците од ОУ „Коле Неделковски“ Скопје. Настанот ќе се одржи во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Пораките од хепенингот учениците ќе ги делат на минувачите, за ширење на идејата дека имаме само една планета за живот и треба да ја чуваме за нашите деца и за идните генерации.

Од настанот ќе биде испратена покана со список на активности за заштита на планетата во кои може да се вклучи и надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, активности кои ќе ги дефинираат самите учесници на хепенингот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...