Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Скопје, 23 април 2014 (МИА) - Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска по 19-пат е одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април. Читателите и годинава традиционално добија книга и роза.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје Иван Заров истакна дека денешниот ден е поврзан со двајца големи магови на пишаниот збор, кога во 1.616 година починале Сервантес и Шекспир.

- Наша примарна задача е бројот на читатели да го зголемуваме од година во година и да имаме се повеќе млади читатели, рече Заров и додаде дека одбележуваат 70 години од формирањето.

Изрази задоволство што имаат млади читатели кои, како што рече, ги покануваме и привлекуваме да ја консумираат духовната храна. Додаде дека читањето треба да се анимира од најмлади години.

Писателот и академик Митко Маџунков смета дека во последно време интересот за книгата расте и е во постојан подем.

- Како што ќе врви времето, таа тенденција ќе биде се поочигледна. На крај ќе се види дека книгата е спас за човештвото и оти без неа нема опстанок. Овој момент да згасне пишаниот збор, ќе згасне и цивилизацијата. Книгата е ризница на колективната и на индивидуалната меморија, рече Маџунков.

Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО посочи дека Република Македонија е земја со долго и богато културно творештво, лулка на словенската писменост, земја со познати просветители и автори - мајстори на пишаниот збор и со граѓани кои ги сакаат книгите и ги чуваат како непроценливо богатство.

- Книгата има универзално значење. Таа е нематеријално културно наследство на човештвото, средство кое ја изразува и во исто време ја зачувува културната разноликост на народите   кои живееле и живеат на планетата Земја. Книгата е инструмент за описменување, едукација, за размена и актуелизирање на основните знаења од сите области, рече Топузовска.

Блаже Миневски е најчитан автор во 2013 година, според добиените податоци за искористување на фондовите на 26 јавни библиотеки во Република Македонија.

Францускиот институт во Скопје и Институтот „Конфуциј“ подарија повеќе книги и монографии за НУБ „Св. Климент Охридски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...