Почна формирањето асоцијација на парковите од Динарската верига

Битола, 24 април 2014 (МИА) - Почна постапката за формирање на асоцијацијата „Парковите на Динарската верига“ во која ќе членуваат претставници нанационалните паркови од Босна и Херецеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Србија и од Македонија, соопшти Националниот парк „Пелистер“ - Битола.

Одлуката за здружување, како што информира Пеце Цветановски, портпарол на Национален парк „Пелистер“-Битола, е донесена на последниот состанок во Подгорица со што преставниците на заштитените подрачја од државите во регионот на Динарската верига ги поставија темелите за формирање на асоцијација, која на парковите ќе им овозможи полесна размена на искуства, промоција како и развивање нови проекти.

- Како главни цели на формирањето на асоцијацијата се истакнаа вмрежувањето на парковите, техничката подршка во стручна смисла и што подобра промоција на парковите. При тоа утврдија дека асоцијацијата треба да им помогне на заштитените подрачја во регионот во привлекувањето на фондовите, како и во зедничкиот развој на проекти, посочи Цветановски.

Целата програма за работа ќе биде претставена во октомври на Бриони, за време на третата Меѓународна конференција на „Парковите на Динарската верига“. Активностите на асоцијацијата, според Цветановски, во првите три години ќе бидат финансирани со помош на WWF (светска независна организација за заштита на природата) и самите паркови, по што асоцијацијата треба да стане потполно самостојна и самоодржлива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...