Претпладне врнежливо, попладне облачноста ќе се намалува

Скопје, 30 април 2014 (МИА) – Времето претпладне во Македонија ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време. Облачноста во попладневните часови ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, но потопло време, со кратки сончеви периоди претпладне, а попладне со локален пороен дожд проследен со грмежи. Такво време ќе имаме и за првомајскиот празничен ден. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...