Јолевски предложен за министер за одбрана

, ДУИ со повеќе нови имиња

Скопје, 8 јуни 2014 (МИА) - Во периодот 2014–2018 година, Владата останува на утврдениот курс за остварување на стратешките приоритети и цели на Република Македонија, се наведува во програмата на новата Влада, што мандатарот Никола Груевски ја достави до Собранието заедно со предлог-новиот владин состав.   

Приоритети и цели на новата влада се зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор и инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.

За остварување на стратешките определби, како што се наведува во програмата, и во следниот период владата ќе остане посветена на реализацијата на реформите и проектите кои ќе придонесат за развој и просперитет на државата.

Мандатарот Груевски, за министер за одбрана го предложи досегашниот амбасадор Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љиримк Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.

За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Висар Фида и Горан Мицковски.

Седницата на Парламентот на која ќе се врши избор на новата Влада е закажана за 19 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...