Апанажа за 51 пратеник од претходниот собраниски состав

Скопје, 11 јуни 2014 (МИА) - Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска на седница изгласа апанажа за уште 29 пратеници од минатиот состав кои во законскиот рок поднесоа барања. Со ова вкупниот број парламентарци од претходниот собраниски состав што ќе добиваат апанажа е 51.

Најголема дискусија предизвика барањето што еден ден пред завршување на овој рок го поднела потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Пратеникот Алаксандар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата праша дали тоа што пратениците од опозициската СДСМ кои не ги признаваат изборите и не доаѓаат на работа во Собранието, со поднесувањето на барањата за апанажи го промениле својот став. Пратеници кои се избрани на овие избори, рече тој, ќе ги гласаат овие барања за апанажа со кои ќе им се одобри плата на парламентарци од минатиот состав во износ од околу 60.000 денари.

Ромео Тренев, пак, од истата партија, рече дека иако во принцип никогаш досега не се коментирале барања за апанажа на колеги пратеници, не можел да остане нем на барањето што го поднела Шекеринска која не го признава Собранието, а бара надомест. Според него, ова е лицемерие и не е ниту морално, ниту етички.

- Ги натера новоизбраните пратеници да си дадат оставки, а потоа поднесе барање за апанажа, рече Тренов.

Рафиз Алити од ДУИ апелираше до СДСМ да се вратат во Собранието и државните интереси да ги штити од законодавниот дом.

Според него, парламент што нема опозиција на некој начин е осакатаен.

На денешната седница  исто така беа изгласани и составите на собраниските комисии и тела. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувања Зоран Илиовски рече дека во комисиите се оставени места за пратениците од СДСМ.

Според тоа, не се пополнети претседателските места во неколку комисии, меѓу кои во комисите за финансирање и буџет, за труд и социјала, за земјоделство, шумарство и стопанство и за здравство, како и во двете комисии за надзор на работата на безбедносните сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...