Сакаме да соработуваме со Македонија

Берлин, 12 јуни 2014 (МИА) - Геманската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија сака да соработува со Македонија и ќе ја радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името.
 
- Ние сакаме со Македонија разумно да соработуваме и секако ќе ме радува доколку во наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името. Тоа е нешто во што не успеавме. Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од - Македонија, одговори Меркел на вчерашната заедничка прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Берлин на прашање на Дојче веле какви се нејзините очекувања од новата македонска влада.

Меркел потврди и дека на 28 август Берлин ќе биде домаќин на конференцијата на земјите од Западен Балкан.

- Очекувањата од конференцијата се дека со неа ќе придонесеме прво подобро да се запознаеме, зашто и ние во Германија не знаеме се’ за проблемите на земјите од регионот. Второ - да се засили соработката во регионот, особено кога станува збор за прекугранични проекти. И секако со неа (конференцијата н.з.) да се придонесе во доближувањето на целиот регион кон Европската унија. Нашата претстава е секоја година друга членка на Унијата да организира ваква конференција. За идната година е договорено тоа да го направи Австрија. Значи ќе има и конференција која ќе следува, изјави Ангела Меркел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...