Скопјанец ја истепал мајка си, а потоа го удрил брат му

Скопје, 12 јуни 2014 (МИА) - СВР Скопје до основното јавно обвинителство  Скопје поднесе кривична пријава против лицето С.Н. (34), поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот на  почетокот на неделава, односно на 9-ти овој месец околу 11 часот во неговиот семеен дом во Скопје по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира неговата мајка, по што откако неговиот брат му рекол да престане со малтретирањето,  почнал да го удира и него со тупаници и нозе по главата и телото нанесувајќи му видливи повреди во вид на модринки по лицето. По извршениот физички напад над него братот на пријавениот успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.

По превземените мерки и активности приведен е С.Н. со кого е извршен разговор и истиот бил ослободен. Откако пристигнал дома, повторно физички ја нападнал неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што таа паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од нејзиниот дом и и ја заклучил влезната врата. По ова мајката се упатила во Полициска станица да го пријави настанот, за што С.Н. повторно бил приведен.

Пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против него до сега се поднесени вкупно 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги). За дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...