„Пивофест“ отворен со плескавица од 90 килограми

 Во Прилеп синоќа беше отворен 12-от „Пивофест“.Илјадниците посетители ги забавуваа музички ѕвезди од земјава и од странство, а фестивалот го отвори Даниел Кајмаковски, победникот на Х- фактор.

Гостите на официјалното отворање ги поздрави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

- Чест ми е што дојдовме до 12-то издание на најголемата македонска и балканска манифестација од ваков вид која нуди убав пенлив пијалак, вкусна надалеку позната скара и голема забава. Особено е убаво што има големи јубилеи годинава. Најголемите македонски пиварници прославуваат 90 години од постоењето, а градот ги одбележува своите 1000 години. Нека биде големата забава сите четири фестивалски дена, а прилепчани со големо гостопримство ве пречекуваат, им порача Ристески на посетителите од големата бина на плоштадот „Александрија“.

Кајмаковски изјави дека ова е големо искуство за него затоа што првпат е дел од манифестацијата и првпат настапува со свој бенд.

- Настапувам со голем репертоар песни, светски познати, а во меѓувреме работам на својот прв албум, рече Кајмаковски.

Една од двете најголеми пиварници во земјава, Скопската, на спектакуларен начин, токму на „Пивофест“, го одбележа 90-годишниот јубилеј, за што за сите гости на фестивалот беше приготвена плескавица од 90 килограми месо. Плескавицата ја претставија, новиот генерален директор на Скопската пиварница, Александар Ружевиќ и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. 

- Пиварницата прославува голем јубилеј, 90 години од своето постоење. Бидејќи ги навикна купувачите на рекорди, овој јубилеј го одбележуваме на спектакуларен начин со плескавица од 90 килограми. Секоја година од успехот, еден килограм плескавица за нашите консументи и пријателите, изјави Ружевиќ.

Градоначалникот Ристески честитајќи им го јубилејот на Скопската пиварница им посака многу успеси и отворање нови работни места.

- Задоволство е што еден голем македонски бренд го одбележува јубилејот. Честитки за јубилејот. Скопска пиварница е македонски бренд и убаво е што е дел од оваа голема манифестација и што одбележува голем јубилеј токму на отворањето на „Пивофест“, рече Ристески.

Плескавицата четири часа ја приготвуваа 24 вработени во хотелот „Салида“.

- Направена е од познатиот прилепски амур за скара помешан со скопско што даде посебен вкус, вели Диме Ѓорѓиоски, еден од сопствениците на хотелот „Салида“ од Прилеп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...