|
|
|
Двојно убиство и самоубиство во скопски Аеродром (обновено)Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - Министерството за внатрешни работи попладнево потврди дека во скопската населба Аеродром денеска се случило двојно убиство и самоубиство.
Триесет и шестгодишниот Игор од Скопје претпладнево околу 11 часот дошол во домот на 34-годишната Наташа по што по кратка расправија ја убил неа и нејзината сестра, 31-годишната Билјана.
- Според првичните сознанија и информации кои ги имаме од разговорите со соседите убиецот по 11 часот утринава дошол во станот на Наташа каде на врата ја затекнал нејзината сестра Билјана и и се заканил да не заминува. Тој ја натерал да се врати во станот. По кратка расправија пукал во двете жртви по што си го одзема животот, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Убиецот се познавал со Наташа, која во станот живеела со двете малолетни деца, но тој не и бил сопруг и не е татко на децата. Убиствата се извршени со пиштол кој најверојатно убиецот го поседувал со дозвола.
Убиецот и е познат на полицијата по тоа што во 2004 година против него била поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка.
Полицијата најави дека истрагата продолжува до целосно расчистување на случајот.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|