Македонија во програмата “Креативна Европа” на ЕУ вредна 1,5 милијарди евра

Брисел, 22 јули 2014 (МИА) - Република Македонија ќе учествува во програмата „Креативна Европа” на Европската унија, наменета за културните и креативни сектори, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Овој договор, во име на македонската држава и на Унијата, денеска во европската престолнина го потпишаа амбасадорот во Мисијата на Република Македонија при ЕУ, Андреј Лепавцов и Јан Трушчински, генерален директор во Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија.

„Креативна Европа” е нова програма на Унијата наменета за културните и креативните сектори во Европа, усвоена од Советот на Унијата на 5 декември минатата година и се однесува на периодот од 2014 до 2020 година. Во стратешка и политичка смисла, оваа програма произлегува од актуелните политики на ЕУ како што се „Стратегијата 2020” и Лисабонската стратегија.

Концептуално, новата програма се базира врз позитивните искуства на трите програми: култура, медија и медија мундус (од 2007 до 2013 година), кои редизајнирани се присоединети во новата програма.

Буџетот на новата програма на ЕУ изнесува 1,5 милијарди евра за период од седум години, а овие средства се наменети за аудиовизуениот сектор (потпрограма “медија”), културните и креативните сектори (потпрограма “култура”), како и за меѓусекторска соработка.

Со потпишувањето на овој Договор, Република Македонија стана полноправен учесник во потпрограмата “Култура на Креативна Европа” од 2014 година, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата.

Инаку, “Креативна Европа” е централизирана програма на ЕУ и со неа на европско ниво управуваат Европската комисија и Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура. На национално ниво надлежен орган за спроведување на “Креативна Европа” останува Министерството за култура.

Градењето на институционални и професионални капацитети како и трнаснационалната циркулација во култуниот сектор се приоритети на потпрограма “Култура” во рамки на Креативна Европа 2014 – 2020 година, а особен акцент е ставен на креирање нови пристапи за развој на публиката и градење на одржлива публика на европско ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...