Почнува фестивалот за процесирање култура „ДримОН“

Струга, 23 јули 2014 (МИА) – Под мотото „Нурни длабоко“ од денеска до недела на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи второто издание на фестивалот за процесирање култура „ДримОН“.

Фестивалот е во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“.

Петте фестивалски денови се поделени во насловни целини „Све(с)т во транзит“, „Кадарен рез“, „ Проектирано живеење“, „Утрешниот уметник“ и „Башка реалност“, кои опфаќаат предавања, креативни работилници, изложби, видео проекции, уметнички, музички и театарски перформанси. Новина е летниот саем на книга, кој со базарот на уметнички производи ќе биде отворен во текот на фестивалот.

Публиката ќе има можност да види креации на Игор Тошевски, ОПА, Влада Урошевиќ, Ана Лазаревска, Енкел Дика и на Љубиша Камењаров. Поетот Никола Маџиров ќе има музичко–поетски перформанс насловен „Две месечини“, додека „Буден театар“ гостува со претставата „Јас, Љубам, Бог“. Ќе бидат прикажани и кратките филмови „Четврток“ на Милчо Манчевски, „Епизодист“ на Игор Алексов, „Влакна“ на Елеонора Венинова, „Што е парада“ на Наташа Гелева, „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски и „Супа од кокошка“ на Лидија Мојсовска.

На работилниците и предавањата ќе може да се споделат знаења за применета музика, филмска продукција, а застапени се и теми од архитектурата и урбаното живеење. 

ДримОН промовира автори од младата современа арт сцена во Македонија, како и предавачи од академската и креативната бизнис сцена. Годинава ќе учествуваат и уметници од Србија, Германија, Франција и Холандија.

За најмладите предвидени се експериментална и работилница за оригами инсталација.

Фестивалот ДримОН е наменет за граѓаните, кои ја следат културно-уметничката сцена, со посебен акцент на студентската популација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...