Во тетовско Непроштено споменик во чест на 12-те киднапирани од 2001

Тетово, 23 јули 2014 (МИА) - Семејствата на 12-те киднапирани во 2001 година во тетовското село Непроштено денеска открија споменик во нивно сеќавање.

Пред споменикот во Непроштено денеска се поклонија претставници од семејставата на киднапираните, политички партиии и преставници од Министерството за внатрешни работи.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој се обрати на церемонијата, рече дека желбата за живот, опстанок и достоинство ќе ги победи оние кои што направија злостор.

- Сметам дека правдата еден ден заслужено ќе ги стигне. Дојдовме тука да оддадеме почит на луѓето кои без своја вина беа жртви на 2001 година. Ова спомен обележје е плод на вашата макотрпна работа, изјави Милошоски.

Овој спомен парк е направен во чест на четворицата киднапирани од село Непроштено. Уште се бара соодветна локација за подигање споменик на жртвите и во градот Тетово. 

Од здружението на киднапираните велат дека од 2006 година се прават напори, но се уште нема никакви резултати во расветлувањето на овој случај.

- Немаме гроб за нашите 12 киднапирани, затоа ќе можеме да дојдеме овде, ако ништо друго да запалиме свеќа, иако сметам дека свеќата треба да ја запалиме на нивните гробови, а не овде. Сепак ќе се потсетуваме на нашите најмили секој пат кога ќе дојдеме овде, затоа што никогаш не ги најдовме нивните тела, вели Бранислав Јакимовски од здружението на киднапирани „Надеж“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...