Дебата за урбаниот развој и културата во Струга

Струга, 23 јули 2014 (МИА) – Урбаниот развој и културата во градот беа тема на дебатата „Струга 2014 - Културно планирање за урбан развој во туристички и креативни градови“ што денеска се одржа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На дебата, која ја организираше германската организација Форум цивилен мировен сервис (Форум ЗФД), во соработка со ДримОН фестивалот, во рамки на патувачката изложба „Монументи“  учествуваа градоначалникот на општина Струга Зиjадин Села и историчарите Владо Поповски и Скендер Асани.

Градоначалникот Села рече дека Струга  не ја замислува како град со споменици, туку ќе се задржи на моменти, кои ќе ги зближат граѓаните.

- Ја замислувам Струга не само во 2014-та туку и на подолг период како поширок поим, град каде што живеат повеќе народи. Размислувам тоа да биде град во кој ќе владее разбирањето меѓу граѓаните, почитувањето и взаемен респект. Сакам тоа да се гледа и отсликува, но за жал тоа не го гледаме. Треба сите заедно да гледаме не на поделбите, туку на тоа што ни е заедничко и што во иднина ќе ни го подобри животот на сите. Тоа треба заеднички да го градиме и почитуваме, истакна Села.

Професорот Поповски посочи дека карактерот на концепирање на историската политика почнало од 1991 година.

- Создавањето на колективна меморија преку споменичното обележување во Република Македонија по 1991 година се концепира врз етно-националниот идентитет на мнозинскиот народ, кој сака да исфорсира влијание кај населението за корените и карактеристиките на тој идентитет. Во таа насока споменичното одбележување покажа етно-димензионална и етно-национална линија, во однос на вековната реалност, реалност на хетерогеност на населението и културите и мултиетничност, мултирелигиозност, мултијазичност и заедништво, забележа Поповски.

Споменичното обележување, според него,  веднаш покажало страсти и  контроверзии, односно дека создавањето на колективната меморија и нејзина хомогенизација се врши само во еден сегмент од општеството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...